Македонија

Муцунски и Мисајловски во работна посета на Лондон

Остваривме средба со парламентарниот државен потсекретар и министер за услуги, мали бизниси и извоз во Министерството за бизнис и трговија на Обединетото Кралство

Работна посета на Лондон, Обединетото Кралство, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Од денеска сум во работна посета на Лондон, каде заедно со министерот за одбрана, Vlado Misajlovski , остваривме средба со парламентарниот државен потсекретар и министер за услуги, мали бизниси и извоз во Министерството за бизнис и трговија на Обединетото Кралство, Гарет Томас. Фокусот на средбата беше ставен на потенцијалите на економската соработка, како и на соработката во областа на инвестициите, зголемувањето на трговската размена, потенцијалот за соработка во делот на инфраструктурните проекти, како и на подобрување и модернизација на здравствените капацитети. Во таа насока, ја потврдивме важноста на заедничкиот раст и просперитет за развојот на нашите односи и ја реафирмиравме заложбата за соработка во насока на постигнување на тие цели. На средбата ја нагласив и посветеноста на Владата, преку реални политики, да работи на привлекување на нови странски инвестиции. Воедно, се согласивме дека во идниот период заеднички ќе работиме на унапредување на севкупните трговски односи, што претставува составен дел од Декларацијата за стратешко партнерство помеѓу двете земји, истакна Муцунски.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top