Македонија

Муцунски – Ландау во Брисел: Потврдено македонско-американското стратегиско партнерство

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија нагласува дека на средбата двајцата соговорници ги потврдиле блиските и пријателски односи меѓу двете земји, како и силната и конструктивна соработка со САД како македонски стратегиски партнер. „Разговорите опфатија и теми поврзани со улогата на САД во стабилноста и развојот на Западниот Балкан. Нагласка беше ставена на соработката во рамките на НАТО и нејзината важност за колективната безбедност.“ – посочува Министерството.

Можностите за натамошно продлабочување на соработката на Република Македонија со Соединетите Американски Држави во повеќе области од заемен интерес беа тема на разговор на средбата на македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со американскиот заменик-државен секретар Кристофер Ландау. Средбата се одржа во заднината на денешниот состанок на шефовите на дипломатиите на членките на НАТО во Брисел.

Министерот Муцунски го истакна придонесот на Република Македонија во Алијансата и нејзиното конзистентно дејствување како конструктивен и доверлив партнер во регионот. Утрово, пред почетокот на министерскиот состанок, Муцунски најави дека заедно со италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани ќе бидат содомаќини на расправата за Коридорот 8, што ќе се одржи во заднината на собирот.

Муцунски посочи дека Коридорот 8 е од клучна политичка и безбедносна важност за подобрување на поврзаноста, но исто така и за стратегиската воена мобилност. „Се надевам дека ќе можеме да разговараме не само за Коридорот 8, туку и за Западниот Балкан, каде што има многу големо влијание од страна на Русија, Кина, но и од други засегнати страни.“ – рече Муцунски.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top