Македонија

Муцунски: Работиме на трајно решение за деблокада на евроинтеграциите, но не по секоја цена!

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски во интервју за Македонската информативна агенција – МИА вели дека се работи на трајно и одржливо решение што ќе го одблокира европскиот пат на Македонија, но не откривајќи повеќе детали.

Натаму шефот на македонската дипломатија“ во интервјуто истакнува: „Разликата меѓу оваа Влада и претходните влади е што ние не сме подготвени за попустливост по прашања поврзани со идентитет, историја, јазик и култура. Често зборуваме дека има разговори. Но не смееме да ги споделуваме деталите од тие разговори, бидејќи ако почнеме со јавноста да ги споделуваме, тогаш ги осудуваме на неуспех. Но, граѓаните треба да бидат спокојни дека нашата Влада јасно знае како го има добиено својот легитимитет, јасно го следи ставот на граѓаните во однос на ова прашање и има јасно нацртани црвени линии и позиции и прашања. за кои што не е подготвена да преговара. Работиме на решение, но не на решение по секоја цена и не решени, кое само по себе нема да биде одржливо и кое ќе создава опасности да бидеме повторно во оваа ситуација, во која што се наоѓаме сега.“ – нагласува Муцунски.

Тој посочува дека е потребен политички консензус по ова прашање, критикувајќи ја опозицијата за, како што вели, грешките во минатото и немањето капацитет да ги согледаат последиците од одлуките во 2021 и 2022 година. „Пред речиси пет години, на 29 јули 2021 во Собранието постигнавме политички консензус со резолуција, поврзана со држaвните позиции за националниот интерес. Тука мислевме на идентитетски, историски и други прашања. Речиси со консензус ја изгласавме таа резолуција, но тогашната влада на ДУИ и на СДСМ во рок од неколку месеци потоа го погази тој консензус. Тие треба да им се извинат на граѓаните за сите грешки, кои што ги правеа во тој седумгодишен период од владеење и да ѝ дадат безрезервна поддршка на Владата, за да може да ги поврати позициите на државата и да да работи за создавање систем, каде што конечно ќе имаме предвидливост по европскиот пат.“ – напомнува Тимчо Муцунски/

Целото интервју за Македонската информативна агенција – МИА тука:

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top