Македонија

Муцунски: Софија да објасни!

Загриженост по објавувањето на дипломатската нота околу посетата на сопругата и синот на премиерот Христијан Мицкоски на Бугарија, со окривање и на лични податоци. 

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски го повикал вчера бугарскиот амбасадор во Македонија, Јеласко Радуков, за да му изрази сериозна загриженост по објавувањето на дипломатската нота околу посетата на сопругата и синот на премиерот Христијан Мицкоски на Бугарија, со окривање и на лични податоци.

Мицкоски: Сигналите од Бугарија не ме прават оптимист! (ВИДЕО)

„ Јас да бев, мене да ми се случеше ова, ќе се извинев“, порача Муцунски  на прес конференција кој рече дека за  него ова е неприфатлив начин на меѓусебно функционирање на две држави, нагласувајќи дека дури и во земји што се во војна вакви работи не им се случуваат.

„Станува збор за движење на членови на семејство на високи странски преставници. Никогаш таков документ не излегол во кавност од кај нас.  А, може да се случи, но јас прв би се извинил“, рече Муцунски посочувајќи дека посебен проблем е што беа објавени лични податоци.

Тој притоа соопшти дека го повикал амбасадор Радуков  и побарал објаснување  како дошло до објавувањето на нотата , но дека досега не добил одговор.

„Го изразивме високиот степен на незадоволство од ваквиот гест“, рече министерот, поентирајќи дека постои цела организирана мрежа особено во онлајн просторот од Бугарија чии активности се поврзани со спорот што ги имаат со Македонија  и дека вклучените во неа се повеќе се занимаваат со нивните семејства.

„Сигурно сте читале дека мојот дедо  бил бугарски војник. Дедо ми е починат од 1997 година. Нека не напаѓаат слободно тие портали што шират вакви лажни вести,  но нека ги остават (на мир) барем нашите семејства“, рече Муцунски.

Тој соопшти дека  за настанот информирале голем број преставници на ЕУ, НАТО бидејќи станува збор за невиден преседан и за прекршување на сите меѓународни конвенции за дипломатска заштита и комуникација.

На истата прес конференција Муцунски рече дека секоја форма на вандализам на наша страна е штетна и ја осудува , мислејќи на обвинувањата од Софија за палењето на автомобилите пред бугарската амбасада за што, како што нагласи, власта веднаш излегла со осуда и дејствувала.

Тој во исто време најави дека е утврдена кандидат за нов амбасадор на Македонија во Софија и дека е од редот на професионалниот кадар во МНР. Генерално тој кажа дека во моментов испразнети се 16 амбасади, при што ги вброи како неиспразнети и тие 12 за кои е почната процедурата за праќање амбасадор. Тој во рамките на отчетот за работата соопшти дека остварил 110 работни посети и над 400 средби, а сме биле домаќини на 40 светски лидери, очигледно ставајќи ги на свое конто и активностите на претседателката на државата и на премиерот.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

Мицкоски: Целта е Македонија да биде земја, во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот

„Денеска се одржа церемонија за потпишување на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030 година, со која се потврдува заедничката заложба за унапредување на работничките права, подобрување на работните услови и создавање повеќе можности за економски напредок.“ – објави на својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Книжевна вечер во чест на Ѓорче Петров во Софија, за да биде зачуван во колективното помнење на македонските поколенија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа книжевната вечер „Црнилата на себеубивањето“, посветена на ликот, делото и историското наследство на Ѓорче Петров, еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Настанот претставуваше можност преку книжевноста да му се оддаде почит на Ѓорче Петров и да се потврди значењето на културното паметење, како и улогата на македонската литература во зачувувањето и пренесувањето на историското наследство на идните генерации. Ѓорче Петров е еден од идеолозите на македонската револуционерна борба за слобода на македонскиот народ и за создавање самостојна македонска држава. Како жесток борец против великобугарскиот врховизам и поради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти.

Придонесот на народниот херој Стив Наумов за Македонија, кој се самоуби, за да не им падне жив во раце на бугарските фашистички окупатори

Стефан Наумов-Стив (Битола, 27 октомври 1920 — Болно, 12 септември 1942 ) — е македонски комунист, учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија и Македонија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Мирче Ацев, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски-Карпош и Кузман Јосифовски-Питу). Денешната 106-та годишнина од неговото раѓање е повод за ново навраќање кон животот и револуционерната борба на овој Македонец, кој го положи својот млад и неодживеан живот во темелите на денешната македонска држава и слобода.

To top