Македонија

Муцунски во работна посета на Германија, Обединетото Кралство и Ирска

Фокусот ќе биде на економската дипломатија, политичкиот дијалог и билатералните односи, јакнењето на стратешките партнерства и европската интеграција

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денеска, 15 јуни,  до 18 јуни 2026 година ќе оствари работни посети на Сојузна Република Германија, Обединетото Кралство и Ирска.

„Следната недела фокусот ќе биде на економската дипломатија, политичкиот дијалог и билатералните односи, јакнењето на стратешките партнерства и европската интеграција. Нашата цел е јасна: повеќе економски можности, посилни партнерства и конкретни придобивки за државата, економијата и граѓаните“, напиша министерот Муцунски во својата објава, најавувајќи ги посетите.

Утре, на покана на министерот за федерални, европски, меѓународни работи и медиуми на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински, министерот Муцунски ќе престојува во Диселдорф, главниот град на оваа германска сојузна покраина.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top