Македонија

Муцунски: Идејата за уставни измени стана политички токсична, бидејќи се направија премногу отстапки!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски порача дека Македонија заслужува предвидлив и доверлив пат кон полноправното членство во Европската Унија, оценувајќи дека граѓаните се уморни од постојаното „поместување на стативите на голот“. Оваа изјава тој ја даде за денешното утринско издание „Плејбук“ на бриселскиот аналитички портал за европски прашања „Политико“. Притоа Муцунски истакна дека „идејата за уставни измени станала политички токсична“, поради, како што истакна, „премногуте направени отстапки“, а од друга страна и сомнежот дека Бугарија ќе поставува нови барања во иднина.

Во статијата со наслов „Заборавениот кандидат на ЕУ“, објавена во денешниот „Плејбук“ на „Политико“ пишува: 

Заостаната во чекалницата

„С.Македонија е одличен ученик за Брисел на хартија – целосно усогласена со надворешната политика на ЕУ и кандидат желен за членство од 2005 година. Сепак, две децении подоцна Скопје сè уште чека правилно да започнат преговорите за пристапување, но трпението му се намалува.“

Македонците се лути

„Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски не го крие своето разочарување. ‘Да, понекогаш сме многу фрустрирани, поради тоа што нема политичка реализација.’ – изјави тој, додавајќи: ‘С Македонија, која го прослави својот Ден на Републиката во неделата , стана’студија на случај’ за тоа како можат билатералните спорови можат да го попречат проширувањето на ЕУ.“

Голем контраст

 „Црна Гора ита кон членство во ЕУ до 2028 година, Албанија ги затвори првите три преговарачки поглавја во јули, а Украина и Молдавија напредуваат во разговорите. Но, С.Македонија сè уште не затворила ниту едно поглавје повеќе од 20 години. „Потценување е, ако се каже дека сме биле неправедно третирани неправедно.’ – изјави Муцунски.“

Балканска работа

„С.Македонија го смени знамето во 1995 година, а потоа и името во 2019 година, за да ги реши историските спорови со Грција. Но ѝ се случи само тоа нејзината евроинтеграција да биде блокирана од Бугарија, која бара Бугарите да бидат признати во македонскиот устав. Скопје не сака да го стори тоа, па затоа неговата кандидатура за членство во ЕУ останува во застој“

 Нема повеќе отстапки

„Идејата за измена на уставот стана политички токсична поради премногуте отстапки.’ – посочува Муцунски. Тој додава: ‘Македонците се уморни од ‘поместувањето на голот’ и не веруваат дека Бугарија нема да бара нешто друго. Ова е апсолутна злоупотреба на позицијата како земја-членка на ЕУ“.

 Споредба со проблемите

„Муцунски ја спореди нивната ситуација со ситуацијата во односите меѓу Ирска и Велика Британија, додавајќи дека тие веројатно не би можеле да ги надминат нивните остри меѓусебни разлики без заедничкото членство во ЕУ. „Бугарија ќе добие најмногу од тоа што нашата нација ќе се движи напред по патот кон полноправно членство.’ – тврди тој“

 Нема план Б:

„Не мислам дека ќе направам нешто корисно во интерес на мојата земја, ако го критикувам донесувањето одлуки во ЕУ.’ – рече овој висок дипломат. Сепак, тој инсистира дека ‘С.Македонија го заслужила своето место во евроблокот’ и сака ЕУ да понуди ‘правичен, предвидлив и доверлив пат’ напред. ‘Нашата земја нема луксуз на алтернатива Б, или алтернатива Ц.’– укажа Муцунски.“, објави денешен „Плејбук“ на бриселски „Политико“.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои уште во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

Пишува: Свето Тоевски „Тогаш, кога седевме настрана со вето, сите од целата ЕУ беа против нас. Но со францускиот предлог успеавме да промениме – не да биде Бугарија против ЕУ, туку С.Македонија да биде против ЕУ. Успеавме нашиот став да го направиме став на ЕУ и тоа нè стави во многу посилна позиција, отколку кога […]

(Фото+Видео): Нова авиолинија Скопје-Тиват, наскоро директно од Скопје до црногорското приморје

Станува збор за реализација на договореното при неговата претходна посета на Подгорица, нагласувајќи дека новото авиоповрзување ќе има значење за зголемување на размената меѓу двете држави.

Пријавете се на работилницата на „Реплек“ со Марко Пејчиновски: „РЕсет за внатрешна сила. РЕсет за добросостојба“

Овие иницијативи се надополнување на бројните активности што компанијата континуирано ги реализира за своите вработени во рамките на платформата РЕсет, со цел поттикнување здрави животни навики, личен развој и целокупна добросостојба.

Мицкоски: Очекувам победа на ВМРО ДПМНЕ во Брвеница! Да се гласа не за етнички поделби, туку за подобар живот во Македонија!

Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ во секоја кампања влегува со цел да победи, така и во оваа кампања во Брвеница, во вториот круг. Во првиот круг имавме најмногу гласови, речиси 3000, очекуваме тој број на гласови да го зголемиме. Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата – изјави денеска премиерот и лидер на владејачката македонска партија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вториот круг за избор на градоначалник на општина Брвеница.

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести

To top