Македонија

Муцунски: Заштита на македонските национални интереси и на Македонците и другите граѓани вон границите, но и економската дипломатија – наши стратегиски приоритети

Пред одржувањето на Амбасадорскиот совет, на кој треба да се обрати и претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во изјава за медиумите истакна дека целта во рамките на оваа средба со премиерот е нашите амбасадори и генерални конзули изворно да слушнат кои се приоритетите за следната година и да добијат насоки за постапување во врска со нашите клучни стратегиски национални интереси.

„​Прво е заштитата на македонските национални интереси. ​Второ е користењето на потенцијалот на нашите дипломатско-конзуларни претставништва во економската дипломатија, но и поттикнување на трговијата, односно извозната состојка на нашата економија. ​Трето е заштитата на интересите на нашите граѓани надвор од нејзините граници — независно дали се тоа Македонци, коишто живеат надвор од нашата држава, или се тоа наши граѓани, коишто патуваат заради различни причини. Во таа смисла тука зборуваме пред сè за конзуларните услуги и потребата за нивно осовременување, подобри услуги за Македонците надвор од границите на државата.“ -изјави Муцунски.

Запрашан на кои пазари гледа најголем потенцијал, Муцунски одговори дека нема никаква дилема оти клучен наш пазар за економска соработка се земјите во Европската Унија.

„Земјите членки на Европската Унија ни се најзначаен трговски партнер. Но, еднакво значаен во последно време е и поттикот кон засилена трговска соработка со Соединетите Американски Држави. Скоро беше тука во посета претседателката на Индија. Значаен пазар е и Индија. Земјите од Арапскиот Залив се, исто така, земји со кои што гледаме интерес и засилена соработка во следниот период. ​Првична ни е соработката традиционалните трговски партнери, но отвораме можности и за нови пазари. Тоа се дел од од приоритетите на нашите дипломатско-конзуларни претставништва.“ – рече Муцунски.

Пред почетокот на Амбасадорскиот совет претседателот на Владата Мицкоски укажа дека тоа што е стратегиска определба на Министерството за надворешни работи е стратегиска определба на Владата. Тука не треба никој да има дилема. Тоа што го кажа министерот е апсолутно усогласено со политиките на Владата. За дел од пораките, за кои јас ќе говорам денес пред нив, се содржани во тие три столба.“ – посочи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top