Македонија

МВР постапило по сите пријави или апели на Данела

Во однос на настанот од петокот, МВР повторно поспатпи согласно своите надлежности

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека Министерството постапила по се што градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска има пријавено и презентирано во јавноста.

„Градоначалничката за се што досега има пријавено, МВР постапувало. Во однос на настанот од петокот, МВР повторно поспатпи согласно своите надлежности“, рече Тошковски.

Министерот кажа и дека Арсовска пријавила дека има закани од некое лице кое било присутно на терен додека, таа вршела работи согласно нејзините надлежности, односно додека беше на лице место пред градбите за кои тврди дека се дивоградби.

Тој посочи и дека МВР влегло во неколку општини, постапувајќи по наредби од страна на јавен обвинител.

„Градоначалничката сето она што го има собрано како доказен материјал го доставува во Обвинителството за гонење на организиран криминал. Тоа постапува и дава наредби во МВР, а МВР постапува согласно тие наредби“, посочи Тошковски во врска со дивоградбите, за кои Арсовска апелира и се појавува на терен веќе подолг период.

Во однос на полицискиот службеник кој и се заканувал на социјалните мрежи, министерот посочи дека тоа не било пријавено, но и покрај тоа, полицијата постапила.

„Градоначалничката има јавно објавено дека полициски службеник и се има заканувано. Без оглед на тоа што тоа го нема пријавено, службеници од внатрешна контрола имаат отидено неколку пати во градските бараки, по што беше утврдено дека полицискиот службеник постапил спротивно на закон“, посочи Тошковски.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top