Македонија Бизнис

На алчноста и нема крај – во Охрид кафето стигна до 250 денари, на плажите во Мајами е поевтино

Туристичката сезона во Охрид почна, а тоа може да се види и по цените во угостителските објекти. Граѓаните на социјалните мрежи се пожалија дека охридските угостители ова лето претерале со цените. Цените на кафето се движат од 150 до 250 денари зависи какво и каде го пиете, цените на пивото се од 150 до 300 […]

Туристичката сезона во Охрид почна, а тоа може да се види и по цените во угостителските објекти. Граѓаните на социјалните мрежи се пожалија дека охридските угостители ова лето претерале со цените. Цените на кафето се движат од 150 до 250 денари зависи какво и каде го пиете, цените на пивото се од 150 до 300 денари, а на цедените сокови од 200 до 300 денари, пренесе Вечер. Охриѓани со поделени мислења, едни велат дека во Охрид луксузот се плаќа и сега е сезона и нормално е цените да се повисоки. Други, пак, велат дека во сезона не можат да си дозволат да седнат на кафе и оти е претерано секое лето да плаќаат дупли цени.

Сопствениците на кафулиња во Охрид велат дека цените на пијалаците не се многу високи со оглед на тоа дека многу е зголемена киријата на угостителските објекти и цената на работната рака.

  • Ако сакате да пиете кафе во кафулињата и во рестораните кои се покрај езеро, ќе платите 200 денари. Цените на пијалаците и храната во кафулињата и рестораните кои се на прва линија до езерото се речиси дупло повисоки. Ако некој сака нозете да му се во езеро и да ги гледа рибите додека пие кафе или пиво, ќе плати поскапо. Секаде луксузот се плаќа. Во чаршијата и во кафулињата кои се центарот на градот цените се поевтини. Кафето е 100 денари, соковите од 100 до 150 денари, а пивото од 150 до 200 денари, вели еден охриѓанец.

Тој додава дека за странците Охрид е евтин со оглед на тоа дека во Германија или Холандија едно кафе чини од 5 евра па нагоре.

Во Охрид има цени за сечиј џеб. Ако јадете во кафеаните кои се покрај езеро, како и во оние кои важат за елитни ресторани и имаат поубава храна и поквалитетна услуга, ќе платите поскапо.

Цената на една плескавица со додатоци е 300 денари, порција пилешки стек чини од 250 до 280 денари, а порција свинско ребро од 350 до 280 денари. Цената на мало пиво на плажа и во елитните ресторани е од 250 до 300 денари. За кило белвица во ресторан ќе платите 1.600 денари, а за кило пастрмка 2.500 денари.

На социјалните мрежи беа споделени фискални сметки од еден кафе-бар во Охрид на кој се гледа дека цените на пијалаците се доста високи. Во очи паѓа цената на турското кафе, кое во Охрид чини дури 160 денари.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Претсмртниот завет на Антон Попов до сите македонски поколенија да го чуваат македонското име и никогаш да не отстапуваат од борбата за иднината на Македонија

На денешен ден, на 20 октомври 1915 година е роден непокорниот син на Македонија и македонскиот народ писателот Антон Попов. Неизмерна е важноста на неговите дела за градењето на македонската самосвест на македонскиот народ. Како бранител негов и на македонската кауза, во своите публицистички трудови, како што е знаменитата статија „Дали постои македонска нација“ Попов дава јасен, научно и историски образложен одговор за постоењето на македонскиот народ, со кој ги побива туѓите негаторски пропаганди. Попов постоеше и живееше, сонуваше и копнееше, дишеше и умре за саканата таковина Македонија, стрелан во Софија на 23 јули 1942 година од царборисовскиот фашистички режим на Бугарија.

Техновејшн ЈИЕ 2026: Вистинската трансформација започнува кога ќе се осмелиме да го менуваме и она во што сме успешни

Суштинската трансформација на една компанија не започнува кога стариот модел на работење ќе престане да функционира, туку кога таа е подготвена да го преиспита моделот врз кој веќе го изградила својот успех

„РОЗОВ ОКТОМВРИ“ ВО ОПШТИНА КАРПОШ – ЗАЕДНО ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАКОТ НА ДОЈКАТА

Денес, во Општина Карпош, се одржа едукативен настан посветен на кампањата „Розов октомври“, чија цел е подигнување на свеста за ракот на дојката, важноста на навременото откривање и грижата за сопственото здравје

Николоски: Новиот мобилен оператор ќе ја користи мрежата „Старлинк“ на Илон Маск

На прашањето дали телекомуникациската компанија „4iG“ гради сопствена 5G мрежа, Николоски за „360 степени“ вицепремиерот рече дека веќе најавиле стратешка соработка и дека Македонија ќе биде меѓу првите земји во кои директно ќе се имплементира оваа технологија

To top