Македонија Бизнис

На јулските сметки ќе пишува дали струјомерот е читан, многу поволности носи новиот Закон за енергетика

Убава вест за домаќинствата, но и за компаниите. Новиот Законот за енергетика конечно ги модернизира ‘правилата на игра’ од производство до потрошувачка. Тој претставува нова рамка за дигитализација, ефикасност и отчетност во енергетиката. Законот содржи повеќе новини меѓу кои обврска за паметни броила – до 2031 година 80 отсто од домаќинствата ќе имаат паметно броило, […]

Убава вест за домаќинствата, но и за компаниите. Новиот Законот за енергетика конечно ги модернизира ‘правилата на игра’ од производство до потрошувачка. Тој претставува нова рамка за дигитализација, ефикасност и отчетност во енергетиката. Законот содржи повеќе новини меѓу кои обврска за паметни броила – до 2031 година 80 отсто од домаќинствата ќе имаат паметно броило, со што се укинуваат проценките, а сметките стануваат потполно точни и проверливи. Дел од новините е на сметките за електрична енергија задолжително да пишува дали броилото е читано или не.

Од едукативниот центар на Матка започна првиот во серијата тематски брифинзи за новиот Закон за енергетика, во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Министерската Сања Божиновска порача дека целта на овие сесии е да се обезбеди широка информираност кај јавноста за новитетите што ги носи законот.

Со новиот Закон за енергетика се имплементира европското аки и се транспонира пакетот за чиста енергија, што значи дека се прифаќа се што е добра практика од Европската Унија, оцени денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

  • Во Законот има многу новитети, а најважно за граѓаните е што ќе има нови паметни броила за електрична енергија од кои 80 отсто треба да се набават за осум години, а за 10 години да бидат набавени 100-проценти. Тоа не значи дека ќе треба да се чека до последно за да се променат постојните со ниви паметни броила, туку тие постепено ќе се набавуваат – изјави министерката Божиновска на денешната средба со новинарите во ХЕЦ Матка.

Таа посочи дека Законот предвидува и формирање на граѓански заедници за производство на електрична енергија од фотоволтаици во станбените згради, батерии за складирање на електрична енергија, сите нови енергетски објекти кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори ќе мора да имаат батерии за складирање на 20 отсто од произведената енергија…

  • Се воведува и методологија за енергетска сиромаштија.  Ќе има фискални и не фискални мерки што значи дека во зима не може да се исклучуваат тие што нема да плаќаат електрична енергија. Како Министерство имаме веќе две програми за помош на граѓаните – рече Божиновска.

Нагласи дека првпат се воведува и концептност и мобилност за полнење на електричните возила за кои веќе се намалени царинските стапки. Покрај тоа, за 48 часа ќе може да се смени снабдувачот со електрична енергија, ќе има и 10-годишен инвестициски план и МЕПСО преоѓа под надлежност на Министерството за енергетика.

Директорот на Електродистрибуција Сашо Салтировски посочи дека промената на броилата со паметни е континуиран процес и не е нешто што почнува по донесувањето на новиот Закон за енергетика.

  • Ние веќе имаме инсталирано околу 200.000 броила кои се отчитуваат далечински. Тој процес е континуиран и во наредните години ќе продолжи. Размислуваме и за воведување на некои нови технологии и за таа цел веќе формиравме проект во кој детално се истражуваат најдобрите европски практики со кои ќе продолжи процесот понатаму. Согласно обврската од Законот траба да се изработи и студија во која точно ќе се дефинираат и техничките детали околу проектот за паметните броила. Очекувам тоа да биде завршено во наредните месеци и во тоа да се инволвираат сите засегнати страни како што се РКЕ, Министерството за енергетика и јавноста – рече Салтировски и додаде дека очекува овој процес да заврши до крајот на годината.

Веднаш потоа, додаде, би започнале набавка на броила со новите критериуми.

  • Ние континуирано ги менуваме борилата и во моментов имаме тендер за набавка на околу 150.000 броила со далечинско отчитување, што значи дека тоа ќе биде само продолжување на она што веќе го правиме. Првите нови борила согласно новата технологија се очекува да бидат инсталирани за околу две години, бидејќи тендерската постапка трае околу една година – појасни Салтировски.

Во земјава има околу 900.000 броила од кои 80 до 85 отсто се отчитуваат, а за останатите се недостапни за отчитување и им се даваат паушални (естимулирани) сметки. За висината на сметки има по околу 5.000 забелешки месечно, а за естимулираните 150.000 броила има по 3 отсто барања за корекција.

Како што рече Салтировски, промената на броилата нема директно да оди на сметка на потрошувачите и речиси воопшто мнема да се осети во висината на сметките.

  • Промената на броилата нема да има значајно влијание врз цената на електричната енергија, бидејќи тоа фактички го вршиме и во моментов – прецизира Салтировски.

Заменик директорот на МЕПСО Александар Пауноски порача дека батериите ќе овозможат поголема флексибилност на електроенергетскиот систем и полесно управување со системот при брзи промени на производството на електрична енергија. Ќе помогнат, како што кажа, дури и Електродистрибуција да биде флексибилна, а не само МЕПСО и додаде дека двете фирми ќе функционираат како партнери.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Од историска касарна до најдобра зелена библиотека во светот: „Рами“ во Истанбул го освои првото место на наградите на IFLA

Најголемата библиотека во Истанбул, „Рами“, го освои првото место во категоријата „Проект од големи размери“ на наградите „Green Library Awards 2026“

Димитриеска-Кочоска: Старите долгови мора да се враќаат – речиси 1,5 милијарди евра доспеваат во 2027 година

Новата еврообврзница, чие издавање е планирано во 2027 година, е дел од навременото обезбедување пари финансирање на обврските на државата, меѓу кои и отплатата на значителен износ на стари долгови што достасуваат следната година, а земени од претходната Влада. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата на опозицијата за ново задолжување на Владата од 1,3 милијарди евра.

На патот Охрид-Кичево синоќа загина кошаркарскиот тренер Антонио Савески (33) од Охрид, откако возилото му удрило во кучиња и се запалило

Тешка сообраќајна несреќа изминатата ноќ, што се случи на автопатот Охрид-Кичево, заврши со трагичен исход: животот го загуби 33-годишниот Антонио Савески од Охрид, тренер во младинската школа на кошаркарскиот клуб „Ангели“.

Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8

Министерот за здравство, Сашо Клековски одржа прес конференција со директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Амир Елези, на која информираа дека се обезбедени 1.2 милиони единици фактор 8 за хемофилија, во вредност околу 500.000 долари.

To top