Македонија

На Костадин Костадинов му пресудил Х фактор на „Бихаќка“ (ВИДЕО)

Дали на СДСМ и во Струмица ќе му се случи хаваријата од Куманово

На актуелниот струмички градоначалник од редовите на СДСМ Костадин Костадинов му пресудил Х фактор за да не биде кандидат за татко на општината.

Потпретседателката на СДСМ и кандидат за градоначалник на Скопје Каја Шукова во интервју за Летна Политика на Радио Лидер открива дека на Бихаќка влијаеле повеќе фактори за Костадинов да не биде кандидат за градоначалник на Струмица.

Шукова признава дека Костадинов на анкетите бил во предност пред Марјан Даскаловски кој важи за човек на Зоран и Вице Заев но дека сепак не станал кандидат заради факторот Х.

Екс министерката за екологија не открива кои се факторите кои го исфрлија Костадинов од игра за градоначалник.

Делови од СДСМ преходно на актуелниот градоначалник и најпопуларен кандидат на СДСМ во Струмица му забележуваа дека не ги поддржува ЛБГТ активностите и е премногу близок на црковни сте кругови во МПЦ-ОА.

Шукова беше прашана дали на СДСМ во Струмица ќе му се повтори Куманово кое партијата го загуби на минатите локални избори откако влезе во битка со својот најпопуларен кандидат и го загуби градот.

Овој дел од разговорот по 48 минути и 30 секунди

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top