Македонија

Нa меѓународниот ден на детото, ученици пред собранието со настап против насилство во училиштата

На Меѓународниот ден на детето, 1 Јуни, пред Собранието на Македонија се одржа изведба на социјален танц театар на тема насилството во училиштата, подготвен и изведен од ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар, во организација на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ – Програма за мировно образование.

На Меѓународниот ден на детето, 1 Јуни, пред Собранието на Македонија се одржа изведба на социјален танц театар на тема насилството во училиштата, подготвен и изведен од ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар, во организација на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ – Програма за мировно образование.

Не случајно учениците го избраа токму Меѓународниот ден на детето и просторот пред Собранието како место за своето јавно обраќање. На денот кога светот ги потсетува институциите на правата на децата, младите упатија силна порака до носителите на одлуки и до целата јавност дека безбедноста на децата, заштитата од насилство и нивната благосостојба треба да бидат врвен општествен и институционален приоритет. Преку јазикот на движењето и ангажираната уметност, учениците прикажаа една од многуте сцени на отфрленост, осаменост, понижување и насилство што секојдневно ги доживуваат во училиштата. Нивната изведба беше потсетник дека зад статистиките стојат реални деца, реални искуства и последици кои можат да остават длабоки траги врз самодовербата, менталното здравје и чувството на припадност.

Иако учебната година привршува, учениците потсетија дека проблемите со кои се соочуваат децата не завршуваат со последното училишно ѕвонче. Следува нова учебна година, нови генерации ученици и нова можност институциите, училиштата, родителите и заедницата да покажат дека безбедноста на децата е вистински приоритет. Токму затоа тие побараа уште сега да започнат подготовките за следната учебна година преку зајакнување на превентивните механизми, унапредување на поддршката за учениците и создавање училишна клима во која секое дете ќе може да учи, да се развива и да се чувствува сигурно.

Преку својот настап тие побараа доследна примена на механизмите и протоколите за заштита од насилство во училиштата; навремено постапување по секоја пријава на насилство; поголема психолошка и психосоцијална поддршка за децата; поголемо учество на учениците во креирањето на безбедна училишна средина; континуирано спроведување на мировно образование, ненасилна комуникација и развој на култура на почитување и прифаќање на различностите.

Професорката Грозданка Саздова изјави: ,, Ние возрасните со нашите постапки, ги учиме младите луѓе- учениците, како да се однесуваат меѓу себе. Секојдневието на децата е исполнето со примери како некој возрасен од позиција на моќ: навредува, врши мобинг на работно место, па дури си дозволува со висок тон да се обраќа без почит кон учениците.
Законодавниот дом е место каде возрасните го моделираат нашето општество, во кое живеат децата. Децата денес преку социјалниот денс- театар во склоп на МЕЃАШИ, пратија порака.“

Професорката Валентина Штеројовска изјави:,, За жал живееме во свет и во општество  во кое е присутно насилството и тоа се пресликува и во училиштата. Нашите деца заслужуваат безбедна училишна средина а тоа може да го постигнеме само ако заедно наставници ,родители и институции преземеме одговорност и изградиме култура  на мир,љубов и почит. Потребен ни е едуциран кадар и добар менаџмент во училиштата, кој активно ќе работи на препознавање  и  намалување на насилството. Јас сум вклучена во програмата за Мировно образование  при Детската амбасада МЕЃАШИ веќе 15 години и сум поминала многу едукации за да можам денес да одговорам на предизвоците со превенцијата на насилството во училиштата.

Пораката на учениците беше јасна: „Секое дете има право да се чувствува безбедно, прифатено и заштитено во училиштето.“

Социјалниот танц театар е резултат на обука реализирана од 9 до 11 мај 2026 година во Маврово, каде учениците преку сценска уметност, движење и заедничка работа ги истражуваа причините, последиците и можните начини за спречување на насилството. Процесот им овозможи да ги споделат своите искуства, да развијат емпатија, да ги зајакнат своите комуникациски вештини и активно да придонесат кон градење култура на мир и почитување.

Како организација која повеќе од три децении работи на промоција и заштита на правата на децата, Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ верува дека децата не треба да бидат само слушатели на одлуките што ги засегаат, туку активни учесници во нивното креирање. Денешниот настан покажа дека младите имаат што да кажат, дека препознаваат проблеми и дека се подготвени да бидат дел од решенијата. Во тој контекст, ученичката Идил Далип изјави: ,,Со оваа изведба сакаме да покажеме колку е сериозно насилството меѓу младите. Зборовите, потсмевот и навредите можат длабоко да повредат и да остават голема болка кај некого. Наместо омраза и осудување, потребни ни се љубов, разбирање и поддршка. Ние, младите, треба да бидеме едни покрај други, а не причина за нечии солзи и тага. Нашата порака е: бидете добри, поддржувајте се меѓусебно и никогаш не бидете причина некој да ја изгуби надежта или желбата за живот.”

Пораката што денес учениците ја испратија пред Собранието е едноставна, но суштинска: насилството не е нормален дел од детството и ниту едно дете не смее да остане само пред него. Безбедните училишта не се привилегија, туку право на секое дете, или како што истакна Андреј Симјанов: ,,Ние децата сме иднината и сегашноста на светот. Нашиот правилен развој значи успешна иднина за сите. Дозволете децата правилно да растат!”

 

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top