Македонија

На платен список, а пет години не одел на работа

Против 42-годишниот К.С., вработен во Општата болница во Струга, ОВР Струга поднесе кривична пријава за „несовесно работење во службата“

Од 1 јули 2019 година до денот кога му бил врачено отказното решение,  29 ноември 2024, лекарот од Струга не се јавил на работа, ниту пак го известил работодавачот дека го прекинал специјалистичкиот стаж.

Ситуацијата станува уште поинтересна ако се земе предвид дека од 15 јули 2020 година, па сè до отказот, пријавениот воопшто немал важечка лиценца за работа како доктор, бидејќи му истекла, а не била обновена во Лекарската комора.

И покрај тоа што со години не работел, лекарот уредно си примал плата, додатоци, што, според пријавата, довело до штета на буџетот на болницата во износ од речиси два милиони денари (поточно 1.956.569 денари). Со тоа, К.С. се стекнал со противправна имотна корист.

Симптоматично е како толку долго време никој во системот не забележал отсуство на вработен лекар, ниту пак дека работи без лиценца.

Од болницата засега нема официјална изјава, а предметот е предаден на Основното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top