Хроника

Две лица лишени од слобода за марихуана откриена при претрес

Едниот е штипјанец притворен во Струга, а другиот е од гостиварското село Сенокос, соопшти МВР

Службеници на Министерството за внатрешни работи лишија од слобода по едно лице во Струга и во гостиварско за поседување марихуана откриена при претрес.

Вчера во 17:40 часот на улица „Нико Нестор“ во Струга е притворен Е.И. (31) од Штип, со привремен престој во Струга, поради тоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес и во просториите каде што престојува, при што, исто така, е пронајдена и одземена марихуана.

Полициски службеници од ОВР Гостивар, пак, вчера го лишија од слобода Ј.А. (28) од гостиварското село Сенокос. При претрес во неговиот дом и во помошните простории, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.

По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.

 

Најнови вести од: Хроника

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

To top