Македонија

„Националната алијанса за интеграција“ на Ахмети и АА на Таравари и Села изготвува „Заедничка албанска плаформа“ за „зачувување на албанскиот идентитет“!

Се „забревтува“ предизборната пропаганда на Али Ахмети, Арбен Таравари и Зијадин Села: како и пред секои избори и овојпат ќе се игра на „добро проверената политичка карта“: „албанската национална кауза“ и „загрозеноста на Албанците“!

Генералниот секретар на Албанската национална алијанса за интеграција Блеранд Рамадани во емисијата Рубикон на ТВ Клан Косово ги објави првите три точки од седумте точки, кои се очекува да ги има „Заедничката албанска платформа“ на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, во која членуваат ДУИ на Али Ахмети и крилото во АА на Арбен Таравари и крилото во АА на Зијадин Села. Ова го објави весникот на албански јазик „Коха“.

Весникот натаму наведува: „Постои консензус и тоа го оправдува нашето дејствување како Алијанса за Албанците зошто ја напуштивме Владата и зошто се приклучивме на заедничкиот албански фронт што ќе се нарече Национална алијанса. Претходно ја нагласив потребата тамошните Албанци да се соберат околу заедничка платформа. Досега претставивме три точки на Заедничка албанска плаформа: првата е зачувување на националниот идентитет и на традиционалните албански вредности, втората е економски развој и третата е образованието и културата.“ – изјави Блеранд Рамадани.

„Тој додаде дека се на прагот на подготовка на точките 4, 5, 6 и 7 од Заедничката албанска плаформа. Рамадани рече дека ова е политичка ориентација што ќе се материјализира преку извршните институции и општините.“

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top