Македонија

Над 1.300 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 488 за брзо возење

Во рамки на контролите, 57 лица се лишени од слобода за безобѕирно управување со возило, меѓу кои шестмина возеле под дејство на алкохол, 23 без возачка дозвола, а четворица со претходно изречена забрана за управување

 

 

Во  периодот од 10–ти до 13 април, полициските службеници спровеле засилени сообраќајни контроли на патиштата низ државата, при што се евидентирани вкупно 1.303 сообраќајни прекршоци.

Од нив, 488 се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење.

Во рамки на контролите, 57 лица се лишени од слобода за безобѕирно управување со возило, меѓу кои шестмина возеле под дејство на алкохол, 23 без возачка дозвола, а четворица со претходно изречена забрана за управување.

Во истиот период од сообраќај се одземени 22 возила согласно Кривичниот законик.

Евидентирани се и 164 прекршоци за неправилно паркирање и 26 санкции за возење под дејство на алкохол.

Покрај тоа, 19 возачи на мотоцикли се санкционирани за неносење заштитен шлем, а 119 учесници во сообраќајот за некористење сигурносен појас.

Согласно Законот за возила, 20 возила се отстранети од сообраќај поради нерегистрација, пет поради техничка неисправност, а 10 возачи се санкционирани поради неправилно затемнување на стаклата.

 

Најнови вести од: Македонија

Од септември бесплатни учебници за сите ученици од прво до четврто одделение

На 1 септември за секое дете од прво до четврто одделение ќе има учебници. Новата учебна година ќе стартува без проблеми со дистрибуцијата на бесплатните учебници, кои, според министерката за образование и наука Весна Јаневска, веќе се доставени до училиштата. Но оние училишта што навреме не пријавиле потребно количество ќе треба самите да обезбедат учебници бидејќи МОН испорачува според нарачаното.

To top