Македонија

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Во рок од 12 часа, над 20.000 Македонци одлучија да го поминат празникот во странство. Преку граничниот премин Богородица влегле 7945 наши државјани, а 2708 странци ја напуштиле земјата.

  • „На граничниот премин Богородица денес од 12:00 до 12:00 часот, во земјата влегле 1.224 македонски државјани, а излегле 7.954 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани, во истиот период, во нашата земја влегле 3.098, а излегле 2.708“, изјави Гоце Андреевски, портпарол на Министерството за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи вели дека 3.040 македонски државјани и 4.430 странски државјани ја напуштиле земјата преку преминот Блаце.

  • „На граничниот премин Блаце од вчера до денес, од 12:00 часот влегле 1979 македонски државјани, а 3040 ја напуштиле земјата. Што се однесува до странските државјани, во истиот период во нашата земја влегле 6339, а 4430 ја напуштиле“, изјави Гоце Андреевски, портпарол на Министерството за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top