Македонија

Над 850 експерти повикаа да запре развојот на „вештачката суперинтелигенција“, оти е „закана за можно исчезнување на човечкиот род“!

Светските експерти-потписници на изјавата во врска со развојот на вештачката интелигенција бараат мораториум на развојот на суперинтелигентни системи, сè додека не се постигне широк општествен консензус и научен договор за нивната безбедност и контрола, пренесе „Си-ен-би-си“.

Повеќе од 850 познати личности, меѓу кои водечки експерти за вештачка интелигенција, технолошки пионери и јавни личности, во средата ја потпишаа изјавата, со која се повикува на запирање на развојот на таканаречената „суперинтелигенција“ – форма на вештачка интелигенција, што би ги надминала човечките способности во повеќето когнитивни задачи, односно задачи во   процесот на сознавање. Во документот се наведува дека развојот на вакви системи донесува сериозни опасности за губење на слободата, достоинството и контролата, до закана за националната безбедност и можно исчезнување на човечкиот род.

Изјавата ја потпишале основачот на „Вирџин груп“ Ричард Бренсон, коосновачот на „Епл“ Стив Возниак, како и научниците Јошуа Бенџио и Џеф Хинтон, познати како татковци на современата ВИ“. Меѓу потписниците е и Стјуарт Расел од Универзитетот Беркли. Покрај технолошките и академските имиња, потписници има и од други области – универзитетски професори, верски лидери, медиумски личности и поранешни американски функционери од двете политички партии.

На списокот се најдоа и поранешниот началник на Генералштабот на американската армија Мајк Мален, поранешната советничка за национална безбедност Сузан Рајс, како и Стив Бенон и Глен Бек, блиски сојузници на американскиот претседател Доналд Трамп. Меѓу потписниците се и принцот Хари и Меган Маркл, што ѝ даде на иницијативата дополнителна глобална видливост. Организаторите наведуваат дека бројот на потписници и натаму расте.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

Најнови вести

To top