Македонија

Ѓорѓиевски во хуманитарна акција: Поделени над 300 оброци за бездомни и социјално загрозени лица

Градоначалникот на Град Скопје

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска, по повод Велики Четврток, учествуваше во хуманитарна акција насочена кон поддршка на бездомни и социјално загрозени лица. Заедно со Тони Станковски и претставници на Здружението на граѓани за помош на бездомни и социјално загрозени лица, беа поделени повеќе од 300 оброци.

Акцијата имаше за цел да обезбеди основна поддршка и да испрати порака за солидарност и грижа кон најранливите категории граѓани. Од Општината информираат дека заложбите за подобрување на условите за живот продолжуваат, при што во изминатиот период се овозможени работни ангажмани и сместување за десетина лица кои претходно биле без дом.

Градоначалникот потенцира дека локалната самоуправа ќе продолжи со активности насочени кон намалување на социјалната исклученост и обезбедување достоинствен живот за сите граѓани.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

To top