Македонија

Нападнал жена во кавга за паркинг место

За паркинг место, 66-годишен маж од Гостивар физички нападнал жена и нејзиниот син

 

Мајка од Гостивар, заедно со својот син, го пријавиле својот сосед во полиција за физички напад.

Според соопштението, нападот се случил за паркинг место.

Во четврток во 19:25 часот, во полициската станица во Гостивар, Б.М. (48) и нејзиниот син Д.С. (20) од Гостивар пријавиле дека на улицата „Гоце Делчев“ во Гостивар, по кратка расправија за паркинг место, биле физички нападнати од нивниот сосед И.Ќ. (66), кој исто така употребил тврд предмет. Околу 19:45 часот, И.Ќ. се јавил во полициската станица и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, а против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во полицискиот извештај.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top