Македонија

Направете го секој момент кинематографски: Како функцијата Cinematic LUT го трансформира видеото на Galaxy S26 серијата

Надвор од високата резолуција, видео трендовите се менуваат кон приказ на расположение и емоционално раскажување приказни.

Надвор од високата резолуција, видео трендовите се менуваат кон приказ на расположение и емоционално раскажување приказни. Компанијата Самсунг (“Samsung“) за прв пат го воведе кодекот Advanced Professional Video (APV) на Galaxy S26 Ultra, поставувајќи ја основата за мобилна видео продукција, а воедно одржувајќи го квалитетот на сликата и минимизирајќи ја загубата за време на монтажата.

Како одговор, “Samsung“ постави едноставно прашање – дали некој може да креира видеа во холивудски стил на Galaxy мобилен телефон? Одговорот е функцијата Cinematic Look-Up Table (Cine LUT) на серијата Galaxy S26. Додека APV кодекот ја обезбедува основата за видео со кино квалитет, Cine LUT внесува посебен препознатлив стил на бои на снимката.

Функцијата Cine LUT ја прави градацијата на боите на професионално ниво, нешто што некогаш беше резервирано за експерти, сега достапно за секого. “Samsung“ соработуваше со интерни тимови и надворешни специјалисти за да ја оживее функцијата. Одделот за мобилно искуство (Mobile eXperience – MX) ја предводеше финалната имплементација на камерата, додека одделот за истражувања на “Samsung“ разви основни технологии за обработка на видео, а “U5K Imageworks“, студио за колористи зад глобално признатите продукции, помогна во обликувањето на неговата визуелна естетика.

По воведувањето на APV кодекот, кој испорачува визуелно ниво на квалитет на сликата без загуби, “Samsung Newsroom“ разговараше со тројца клучни девелопери зад Cine LUT: Сугон Баек (Sugon Baek) од групата за квалитет на камерата во одделот за мобилно искуство, Боми Ким (Bomi Kim) од “Reality Media Lab“ лабораторијата во одделот за истражувања на “Samsung“ и Таесик Еом (Taesik Eom), Извршен директор на “U5K Imageworks“, за да ја слушне приказната зад создавањето на оваа функција.

П: Што е LUT? Што ја издвојува функцијата Cine LUT на серијата Galaxy S26?

Бек: LUT е во суштина „мапа“ што трансформира еден сет бои во друг, за да се постигне посакуваниот изглед. За разлика од конвенционалните филтри кои едноставно ги преклопуваат боите, Cine LUT ги реинтерпретира “Samsung Log“[1] снимките од за да ја испорача длабочината и изгледот на професионалното снимање филмови.

Ким: Оптимизиран е за “Log“ видео. Со искористување на широката градација[2], функцијата прецизно ги реконструира боите и осветленоста за да ги зачува суптилните тонски детали што често се губат со конвенционалните филтри за побогата, поприродна длабочина.

П: Што доведе до развојот на функцијата Cine LUT?

Ким: Иако уредите Galaxy поддржуваа Log видео за висококвалитетно снимање, градацијата на боите остана предизвик. Целта ни беше да ги направиме резултатите со професионален изглед достапни без напредни вештини за уредување.

Бек: Сакавме да создадеме искуство кое им овозможува на корисниците да прегледаат кинематографски снимки во моментот на снимање, потоа да применат LUT и да го споделат видеото со еден допир во Галеријата.

П: Како започна соработката со “U5K Imageworks“? Како беше развиена функцијата Cine LUT?

Еом: Нашата соработка започна пред две години со советодавна работа за “Rec. 709 LUT“ за “Samsung Log“ видео, каде што ги усовршивме силните бои во поприродни тонови, а токму ова искуство доведе до Cine LUT. За овој проект, развивме повеќе верзии на три нивоа на интензитет, неутрално, нежно и силно, и ги тестиравме во различни сцени, на крајот избирајќи четири основни стилови.

Ким: Надоврзувајќи се на насоката на бои од “U5K“, ги валидиравме концептите според квантитативни критериуми за да обезбедиме конзистентни перформанси во различни средини, усовршувајќи ги преку тестирање сè додека креативната намера и техничкиот квалитет не се усогласат.

П: Со какви предизвици се соочивте за време на развојот?

Ким: Ни беше потребен голем сет на податоци за да ги потврдиме перформансите во различни услови. Тестирањето во реални средини, од природно и внатрешно осветлување до дење и ноќе, како и тесната соработка беа клучни за “фаќање“ на нијансите на бојата.

Бек: Одржувањето на конзистентна, недисторзирана боја во различни средини беше предизвик. Преку континуирано тестирање, развивме LUT кој ги балансира субјективните преференции со објективниот квалитет.

П: Која беше главната работа што беше земена предвид при креирањето изгледи оптимизирани за мобилни телефони?

Еом: Обезбедувањето сигурни перформанси во реални услови беше клучно. Бидејќи осветлувањето, експозицијата и балансот на белата боја постојано се менуваат, се фокусиравме на создавање изгледи што остануваат природни во секоја ситуација.

Ким: Квалитетот беше наш врвен приоритет. Ја анализиравме секоја рамка и ги потврдивме перформансите користејќи алатки како графикони на бои, баланс на сива боја и векторски опсези.

П: Зошто беа избрани овие четири стила за серијата Galaxy S26?

Бек: Го анализиравме визуелниот јазик на популарните филмски жанрови и идентификувавме четири репрезентативни стилови. Од блокбастерот со висок контраст до свежиот “Coming-of-age“, топлата романса и расположениот трилер, секоја палета на бои беше дизајнирана да им даде на секојдневните сцени моментален кинематографски изглед.

П: Кои Cine LUT стилови ги препорачувате за различни ситуации?

Еом: Нема фиксен одговор, зависи од ситуацијата. Блокбастерот одговара на средини со висок контраст како што се надворешни и урбани сцени; “Coming-of-age“ одговара на меки, трендовски средини како кафулиња или пак за влогови; романсата додава топлина на сцените водени од ликовите; а трилерот создава повпечатливи импресии.

П: Што се издвои од повратните информации од корисниците?

Бек: Очекувавме дека може да се гледа на оваа функција како само уште еден видео ефект, но одговорот ги надмина очекувањата. Корисниците брзо препознаа дека комбинирањето на “Log“ снимањето со функцијата Cine LUT ги проширува креативните можности надвор од едноставните филтри. Исто така, увидовме дека повеќе корисници избираат стилови врз основа на сцената, со висококвалитетни видеа кои се широко споделувани на социјалните медиуми, па дури и инспирираат нови начини за креирање содржина.

П: Кои се вашите планови за во иднина?

Бек: Целта ни е дополнително да ја етаблираме серијата Galaxy S26 како професионална камера. Се надеваме дека ќе видиме повеќе содржина што ќе резонира и со креаторите и со гледачите и ќе продолжи да поставува нови стандарди во креирањето видеа.

Ким: Како што светот брзо се менува, нашата цел е да идентификуваме технологии од следната генерација. Преку тесна соработка со деловните оддели, ќе работиме на нивно вклучување во производите и обезбедување иновативни искуства за корисниците ширум светот.

Создадена со блиска соработка, функцијата Cine LUT на серијата Galaxy S26 ги трансформира секојдневните моменти во кинематографски визуелни ефекти. Освен техничките достигнувања, оваа функција означува важен чекор кон подостапно креирање видеа преку намалување на бариерите некогаш резервирани за професионалци и овозможување на секого да се изрази.

Хисуб Хан (Heesub Han), режисер на реклами и документарни филмови, сними серија кратки филмови на Galaxy S26 Ultra користејќи го APV кодекот и “Samsung Log“. Погледнете ги видеата подолу за да ги откриете можностите на функцијата Cine LUT преку снимањето и кратките филмови.

 

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

[1] Техника што користи логаритамска крива за проширување на деталите во потемните области. Додека сензорите на камерата ја доловуваат осветленоста рамномерно, човечкото око е почувствително на промените во сенките. Log помага снимките подобро да ја одразат природната перцепција.

[2] Мазноста и прецизноста на тоналните транзиции на сликата – како се менува помеѓу светлина и темнина.

Најнови вести од: Македонија

Никола Петров Русински: Македонија не е српска, ниту грчка, ниту бугарска! Македонија е на Македонците!

„Македонија не е ниту српска, ниту грчка, ниту бугарска, ниту турска! Македонија е на Македонците!“ – порачал во почетокот на јули 1901 година Никола Петров Русински, кој во македонската национална историја останува запаметен како близок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други истакнати македонски револуционери, но и како еден од основачите на четничкиот институт на Македонската револуционерна организација (МРО). Целиот живот го посветил на идејата „Македонија за Македонците“. Русински бескрајно многу ја сакал својата татковина, велел дека за него „цела Македонија му била роден крај“. Денес се навршуваат 83 години од неговата смрт.

Рама: „Мајката“ Урсула да не ги заборави своите „седум деца“ од Западниот Балкан! Неодржливо е да не сме на масата каде што се одлучува!

Европа денес има потреба од Западен Балкан колку што и ние имаме потреба од неа, а можеби и повеќе. Нашиот регион е во многу подобра позиција отколку пред неколку години и време е политички да стане дел од европското семејство, изјави албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Еуроњуз Србија“. Тој смета дека земјите од Западен Балкан повеќе не треба да бидат оставени настрана од европските процеси.

Летови со владин авион, хотелски трошоци и спорни набавки – ексдиректорот на СОЗР заработи кривична

За приватни потреби и без да постои основ го користел владиниот авион Лирџет 60, а при патувањата од сметката на СОЗР се вршени плаќања по разни основи. Освен тоа, за хотелски и угостителски услуги обвинетиот неосновано користел средства од службената картичка издадена на негово име

Осуденици ќе чистат од денес седум дена магистрални и регионални патишта – под постојан надѕор на затворската полиција!

Акцијата се реализира во соработка меѓу Управата за извршување на санкциите и ЈП „Македонија Пат“, согласно потпишаниот Меморандум за соработка за работно ангажирање на осудени лица.
Од денеска започна седумдневна работна акција за одржување на хигиената на магистралните и регионалните патишта низ државата, која ќе трае до 22 јули 2026 година.

Мицкоски: Владата има мандат до пролетта 2028, но подготвени сме да одговориме, ако бидеме предизвикани на предвремени избори

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше наметнувањето на темата за предвремени парламентарни избори од страна на опозицијата. „Опозицијата е оптоварена и тоа е нивен најголем проблем. Оваа Влада има мандат до пролетта 2028 година. Ние сме насочени на тој мандат, да го спроведеме она, што го очекуваат граѓаните го очекуваат од нас. Но, ако бидеме предизвикани, подготвени сме да одговориме на тој предизвик.“ – посочи Мицкоски.

„Ние ќе победиме!“ – извикот на Вера Трена кон бугарските окупатори пред да се самоубие на 15.7.1944, положувајќи го животот во темелите на македонската држава

„Ние ќе победиме! Ние ќе победиме!“ – ова биле последните, претсмртни зборови на големата македонска хероина Вера Циривири-Трена, кои ги извикала со силен глас кон бугарските полицајци ноќта на 14-ти спроти 15-ти јули 1944 година, бегајќи од нив меѓу куќите во Штип.  Во моментот кога го прескокнувала ѕидот на оградата од некоја куќа, паднала погодена од куршум на полициските агенти. За да не им падне жива во рацете, Трена се самоубива со својот пиштол. Своите само 24 проживеани години Трена ги даде во борбата против бугарските фашистички окупатори, вградувајќи ги во темелите на македонската држава.

Најнови вести

To top