Македонија

Наскоро: Беспрекорно Galaxy искуство со камера за едноставно креирање на содржини

Претворање на фотографијата од денска во вечерна во неколку секунди. Враќање на деловите кои недостасуваат од објектите на фотографијата како парчето кое недостасува од тортата. Беспрекорно спојување на повеќе фотографии во една, кохезивна слика. Овие креативни способности некогаш побаруваа професионални вештини или часови поминати во уредување. Сега тие се возможни за неколку минути, директно од твојот Galaxy телефон, едноставно со поставување прашање.

Претворање на фотографијата од денска во вечерна во неколку секунди. Враќање на деловите кои недостасуваат од објектите на фотографијата како парчето кое недостасува од тортата. Беспрекорно спојување на повеќе фотографии во една, кохезивна слика. Овие креативни способности некогаш побаруваа професионални вештини или часови поминати во уредување. Сега тие се возможни за неколку минути, директно од твојот Galaxy телефон, едноставно со поставување прашање.

Ова е новата еволуција на Galaxy камерата: целокупно искуство, од почеток до крај, со највпечатливиот Galaxy камера систем како основа.

Мобилните камери повеќе не служат само за да се долови моментот, затоа што најновата Galaxy AI ги обединува напредните креативни способности за снимање, уредување и споделување на една интуитивна платформа. Резултатот е беспрекорно искуство и пофлуиден креативен процес, елиминирајќи ја потребата за промена помеѓу апликациите или навигација на сложени алатки, со што креативноста станува побрза, поедноставна и поприродна.

Во с’ржта на оваа еволуција е верувањето дека креативноста не треба да биде ограничена од техничките вештини или искуството. Од снимање до уредување, Galaxy камерата тивко го реобликуваше она што е возможно. Сега, секој може да направи филмски видеа, да ги “фати“ ѕвездите на ноќното небо на фотографија или да зачува фотографија богата со впечатливи детали, дури и на слаба светлина. Со природен, мулти-модален влез, уредувањето станува едноставно како опишување на она што имате на ум во само неколку зборови.

“Samsung“ ги повикува корисниците и сите заинтересирани да се регистрираат на samsung.com/unpacked за да бидат меѓу првите кои ќе дознаат повеќе за најлесната и најефикасна за употреба Galaxy камера, ќе ги откријат сите претстојни новости и за да имаат пристап до ексклузивни поволности пред почетокот на “Galaxy Unpacked” настанот во февруари 2026. Дополнително, сите заинтересирани од Македонија кои ќе се регистрираат на линкот пред 25. февруари, при купување на еден од новите Galaxy уреди кои ќе бидат претставени подоцна во месецот, ќе добијат подарок “Samsung“ магнетен безжичен полнач од 25W.

 

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

Најнови вести од: Македонија

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

To top