Македонија

Натпревар на македонската фудбалска репрезентација денес во Скопје со Лихтенштајн во рамки на квалификациите за Светското првенство

Со можна победа Македонија ќе се врати на врвот на групата.

Македонската фудбалска репрезентација денес, на 7 септември 2025 година, во 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека Лихтенштајн во рамки на квалификациите за Светското првенство. По нерешените натпревари со Велс и Белгија националниот селекција ќе се обиде да стаса до првата домашна победа во циклусот.

Со можна победа Македонија ќе се врати на врвот на групата. Во моментов нашата селекција има осум бодови, два помалку од Велс, кој денес не игра квалификациски натпревар.

Натпреварот Македонија – Лихтенштајн ќе биде директно пренесуван на Македонската радиотелевизија.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top