Македонија Бизнис

Нереално е еспресо да чини 150 денари – кафето во Скопје секојдневен луксуз?!

Кашиковски ја поткрепи својата изјава потсетувајќи на податоците од Државниот завод за статистика, кои покажале инфлација од околу 3,3 отсто во периодот мај-април, по завршувањето на мерките за замрзнување на цените на производите.

Исто како да си на море, но за жал сме покрај бетон. Летната атмосфера на скопските улици е жива, но портфелот на граѓаните се чини дека сè повеќе ја чувствува цената на „малите задоволства“. По завршувањето на владините мерки, угостителските услуги и прехранбените производи во земјата бележат значителен пораст на цените. Ова, според Стојанче Кашиковски, претседател на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Македонија, не ја одразува реалната економска состојба на граѓаните, особено на работниците.

  • „Апсолутно е нереално еспресо да чини 150 денари“, изјави Кашиковски по потпишувањето на Меморандумот за соработка со партнери од Италија, Бугарија и Малта.

Тој посочи дека многумина граѓани не можат да си дозволат да се напијат кафе на плоштад, бидејќи цените се енормно скапи.

Кашиковски ја поткрепи својата изјава потсетувајќи на податоците од Државниот завод за статистика, кои покажале инфлација од околу 3,3 отсто во периодот мај-април, по завршувањето на мерките за замрзнување на цените на производите. Освен проблемот со високите цени, Кашиковски алармираше и за одливот на работна сила од секторите угостителство и туризам.

Според експертите од пазарот, цените на кафето се под влијание на повеќе фактори: порастот на светските цени на сурово кафе, повисоките трошоци за кирија и работна сила, особено на фреквентни локации како плоштадот, како и општиот инфлациски притисок, кој оваа година во секторот на гастрономијата достигна ниво од над 6%.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

To top