Македонија

Невработеноста падна под 90.000 лица

Најголем број од невработените се во категорија без образование или со основно образование и тоа дури 54.601од пријавените невработени лица. Следна голема група се невработените со завршено средно образование, и тука има вкупно 21.370 пријавени граѓани.

 

Последните податоци на Агенцијата за вработување на Македонија покажуваат дека и во февруари бил забележан нов пад кај бројот на граѓани кои се пријавуваат како невработени.

Имено, како невработени се спушти на 89.340 невработени, но уште 42.584 лица кои бараат работа.

Иако бројот на лица кои се невработени и кои се во потрага по работа се намалува, сепак, загрижува фактот што одредени лица со години се водат како невработени и тешко успеаваат да најдат работа, но и податокот дека најголем дел од невработените се без образование или со ниско образование, објави Фактор.

Од вкупно 89.340  невработени дури 46.659 се жени.

„Притоа најголем број од невработените се во категорија без образование или со основно образование и тоа дури 54.601од пријавените невработени лица. Следна голема група се невработените со завршено средно образование, и тука има вкупно 21.370 пријавени граѓани.

Во Агенцијата се пријавиле како невработени и 6.749 граѓани со непотполно средно образование, додека пак со високо образование како невработени се водат 5.569лица.

Зачудува податокот дека како невработени имаме и доктори на науки и магистри. Па така на листа невработени лица се 545магистри на науки, но и 21 лице кое се стекнало со титулата доктори на науки кои се пријавени за невработени“, пишува порталот.

Најголем број од невработените лица се во Скопје, и тоа вкупно 20.280 лица. Следен на листата град со најголем број невработени е Тетово со 11.404 невработени. По него доаѓа Куманово со 9.142 невработени, по што следува Гостивар со 6.403 невработени граѓани. Петти на листата град со најголем број невработени е Прилеп со 5.310 невработени лица.

Истовремено треба да се напомене дека во главниот град, освен што има најмногу невработени лица, има и најмногу отворени работни места, и тоа 5.851според податоците на Агенцијата.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Сиљановска-Давкова нагласила дека знаењето, стручноста и иновативниот потенцијал на младите инженери се значаен ресурс за државата и дека нивното активно вклучување во образовниот, научниот и технолошкиот процес претставува заедничка обврска на институциите, академската и професионалната заедница.

(Фото): Проширувањето на Вертикалниот коридор ја зајакнува регионалната енергетска безбедност

Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Членството во овој коридор отвора нови можности за снабдување со природен гас, намалување на зависноста од еден единствен извор на снабдување и зајакнување на позицијата на земјата во регионалната енергетска мрежа.

(Видео): Станавме дел од енергетската мапа – со повеќе алтернативи до поголема конкурентност и пониски цени, рече Божиновска

Потпишувањето на Меморандумот за разбирање во Солун со кое Македонија и Србија и официјално се вклучија во Вертикалниот коридор, доби голема медиумска покриеност во Грција со коментари дека се воспоставува „нов енергетски мост од Грција кон Балканот“, додека пак од ДЕСФА посочуваат дека е „значаен чекор за проширувањето на регионалната енергетска соработка“.

(Фото): Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија – културно наследство во Гевгелија, рече Николоски

Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија […]

To top