Македонија

Николоски: Филипче се однесува како бомбаш-самоубиец!

Вицепремиерот од Прилеп со жесток опис на „црната кампања“ на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, и неговата партија

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со жесток опис на „црната кампања“, како што ги нарече настапите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, и на неговата партија.

„Не сум изненаден. Гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДСМ. Јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДСМ, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш-самоубиец, сакајќи да се заштити себеси и сопствената позиција во партијата и уништува сè околу себе“, одговори Николоски на новинарско прашање во Прилеп, кадешто присуствуваше на давањето отчет од локалната самоуправа за првите сто дена од преземањето на општината.

„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време нè кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија, со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, додаде вицепремиерот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top