Македонија

Николоски: Кон крајот на летото очекувам да пуштиме за сообраќај уште еден дел од автопатот

Автопатот Кичево – Охрид е симбол и пресечник помеѓу две времиња, незаинтересираноста, неспособноста и неработењето на СДСМ и ДУИ и посветеноста и работата на оваа Влада

Автопатот Кичево – Охрид е симбол и пресечник помеѓу две времиња, незаинтересираноста, неспособноста и неработењето на СДСМ и ДУИ и посветеноста и работата на оваа Влада на ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните сега се задоволни и резултатите се гледаат на терен. Кон крајот на летото очекувам да пуштиме за сообраќај уште еден дел од автопатот, потегот од Климештани до Охрид, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за ТВ Алфа, говорејќи за инфраструктурните проекти што се реализираат во државата.

„Автопатот Охрид -Кичево е симбол за таа работа, јас уште кога бев избран кажав дека тој е симболот. Ние можеме да реализираме десетици други проекти, но доколку овој проект не го завршиме ќе бидеме исти како претходните, доколку го завршиме како што го завршуваме, тогаш ќе бидеме различни од претходните. Граѓаните се задоволни бидејќи се гледаат првите резултати, ги имаме функционални првите двесетина километри и нормално да прашаат кога ќе заврши целосно. Нема да отстапиме ни ден од она што е договорено со Изведувачот и банките, рокот е крајот на следната година и крајот на следната година целиот автопат во должина од 57 километри ќе биде функцнионален и ќе може да се користи. Во меѓувреме имаме уште една добра вест, кон крајот на летото очекуваме дополнително осумнаесет километри, делот од Климештани до влезот на Охрид да биде завршен и да биде ставен во функција. Генерално можам да кажам дека се работело на непосветеност и неработење. Ние бевме избрани на крајот на јуни, ни требаше едно три месеци да увидиме каде се проблемите, што се правело или зошто не се правело и веќе од октомври месец да имаме една силна мобилизација. Сега имаме преку 1100 -1200 работници, над 300 камиони, над 110 машини кои работат, мобилизација која е невидена претходно и еве резултатите се пред сите нас“ – истакна вицепремиерот Николоски.

Тој потенцираше дека се работи на бројни проекти во делот на автопатската и железничката инфраструктура и најави нови проекти во следниот период.

„Во делот на автопати работиме многу, се работи на автопатот Тетово-Гостивар како дел од автопатот Скопје-Струга -Охрид, се работи на вториот автопат, тоа е потегот од Гостивар до Букојчани или популарната Срража. Во моментов имаме тендер за делот од Букојчани до Кичево, тоа е врската што недостасува, понатаму работиме на автопат од Битола кон Прилеп, веќе се заврши експресниот пат од Градско до Фариш. Го ставивме во функција делот од Куманово до Крива Паланка, исто така го пупштивме делот од Гевгелија до Богданци, така да на многу фронтови работиме на автопатската мрежа и резултатите се гледааат. Тука е и желеницата, во текот на оваа година ќе почнеме со реализација на проектот Градски воз, понатаму реконструкција на најважаните делови на товарниот сообраќај и секако за многу брзо време и брзата пруга на коридор 10. Тука е и работата на коридор 8 бидејќи имаме одреден прогрес со бугарската страна и доколку тоа се потврди ќе работиме на спојување со Бугарија. Интензивно се работи на втората делница, првата од Куманово до Бељаковце веќе ја пуштивме во јануари, а на дневна основа овозможивме и воз од Скопје до Куманово“- потенцираше вицепремиерот Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година

Ифтарска вечера организирана од Владата, за Мицкоски момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

(Фото): Катни гаражи, кружен тек, инвестиции во Скопје – градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, овие средства се обезбедени како резултат на подобрата наплата и се резултат на домаќинско и одговорно работење, без ново задолжување

Дури 11 пријави за семејно насилство за само еден ден – што им се врти во умот на сторителите?!

Полицијата интервенирала во повеќе градови по серија пријави за семејно насилство и закани меѓу роднини и партнери. Четири лица биле приведени, двајца биле повикани на службен разговор, а за сите 11 случаи се преземаат мерки и ќе следуваат соодветни пријави. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи. По целосното документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Кому му сметаат лекарите: Над 70% од нив се соочиле со напади на работното место

Закани, навреди, а некогаш и физички напади – нешто повеќе од 70% од лекарите во земјава се соочиле со насилство на работното место. Лекарската комора бара брза разрешница на секој инцидент. Оттаму реагираат на бавното инситутиционално постапување, што ги обесхрабрува лекарите да пријавуваат.

Извршителот „побрз“ од општина Струга: бара наплата на 93 илјади евра долг со камати од 2016, ја блокирал продажбата на „аудито“ на Мерко!

Поради извршна постапка за стар долг на Општина Струга оневозможена е постапката за продажба на службениот автомобил Ауди А6, кој требаше да биде ставен на аукција на 16 март 2026 година со почетна цена од околу 22 илјади евра, а парите да бидат потрошени за купување комби-возило за потреби на спортските клубови и Центарот за деца со посебни потреби, соопшти денес општина Струга.

Најнови вести

To top