Македонија

Николоски меѓу лозарите за Свети Трифун

Убавите вести веќе стигнаа, Владата ја заврши својата обврска и дека целосно се исплатени субвенциите за сите оние кои што макотрпно работат, произведуваат, рече вицепремиерот

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска од Неготино го честита големиот празник Св. Трифун и посака многу добар род и добри откупни цени.

На одбележувањето на, како што нагласи, најзначајниот празник за целиот Тиквешки Регион, Николоски посочи дека „убавите вести веќе стигнаа“ и дека „Владата ја заврши својата обврска и дека целосно се исплатени субвенциите за сите оние кои што макотрпно работат, произведуваат.“

„Тоа, се надевам, дека ќе е мотив и стимул и за оваа сезона да има добар род и земјоделците да бидат што по‑мотивирани за што повеќе да сработат. Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме и ќе продолжиме да го стимулираме земјоделието. Цените кои што може да се видат оваа година се навистина добри, а се надевам дека следната сезона ќе имаме уште подобри цени и така секоја година ќе одиме нагоре, затоа што трудот мора да се цени и мора да стимулираме домашно производство“,  изјави Николоски.

Николоски, исто така, изрази задоволство што нашите компании, како што посочи, веќе се конкурентни на меѓународниот пазар.

-Пред неколку дена бев сведок во Париз како македонски винарии рамo до рамо со најдобрите европски винарии се натпреваруваа и навистина беше гордост да се биде таму, да се види како навистина рамо до рамо со европските компании и винарии имаат врвен квалитет и во некои производи се дури и подобри, односно се пред европските винарии – изјави Николоски.

Тој најави дека ќе продолжи поддршката во делот на инфраструктурата, кој, како што нагласи, е многу значаен за целото општество, за да може полесно да се комуницира.

„Градоначалничката има амбициозна агнеда. Ние ја поддржуваме како Влада. Тука зборувам и како министер за транспорт, но и како потпретседател на Владата и ќе продолжиме да ја поддржуваме во следниот период со почеток на градежната сезона, кога ќе се подобрат временските услови. Очекувам бројни проекти кои што се започнати да се завршуваат, полека да се отвораат, а исто така очекувам и да започнуваме нови проекти“ – изјави Николоски.

 

Најнови вести од: Македонија

Промовирано македонското издание на книгата „60 икони на Мајката Божја“

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, пред повеќе од 200 гости беше промовирано македонското издание на книгата „60 икони на Мајката Божја“ од француската авторка Аријан де Сен-Марк

Црквата „Св. Атанасиј Велики” под планината Кожуф ќе биде прогласена за споменик на културата

Црквата „Св. Атанасиј Велики“ од 19 век, сместена на падините на Кожуф во гевгелиското село Габрово, ќе биде прогласена за споменик на културата. Одлуката беше донесена на последната седница на Советот на Општина Гевгелија, со што започнува постапката за нејзина заштита и реставрација

To top