Македонија

Николоски на средба со Лука Буриловиќ, претседател на Стопанската Комора на Хрватска

Транспортниот сектор ја има клучната улога во развојот на регионалната економија

Транспортниот сектор ја има клучната улога во развојот на регионалната економија и секое ограничување на работењето на превозниците ќе има негативно влијание врз целиот регион во Западен Блакан, потенцира вицепремиерот Александар Николоски, кој денеска во рамки на работната посета на Загреб оствари средба со Лука Буриловиќ, претседател на Стопанската Комора на Хрватска.

Средбата е од големо значење заради потенцирање на проблемот со македонските превозници, односно превозниците од земјите од Западен Балкан, а се со цел обезбедување на силна подршка од бизнис комората на Хрватска и изнаоѓање на соодветно решение во рамки на ЕУ, како би се надминал проблемот со електронската евиденција и работната активност во шенген зоната.

Ваквата состојба претставува сериозна закана за економската стабилност и развој доколку не се изнајде решение, порача Николоски.

На средбата се разговараше и за зголемување на трговската размена и поголема соработка меѓу компании од двете земји.

Во продолжение изјавата на вицепремиерoт Николоски:

“ Навистина ми е драго што денеска сме во посета на Стопанската комора на Хрватска една респектабилна институција која има огромна традиција и навистина ми е драго што Комората е добар мост за соработка меѓу компаниите во двете држави. Ние имаме одлична соработка, политчките односи се на највисоко ниво и тие односи мора да бидат следени со интензивни економски односи и затоа е значајно да се искористат двете стопански комори, да се спојат двете стопанства и бизнисите да соработуваат меѓу себе. Во таа насока се надевам дека трговската размена ќе расте, се надевам дека ќе достигнеме до половина милијарда евра, а во перспектива да таргетираме и до 1 милијарда евра размена. Она за што зборувавме и големиот проблем што го засега целиот регион, а се однесува за превозниците. Информирав за состојбата за Македонија и регионот и се надевам дека ЕУ ќе изнајде решение се со цел да не се третираат професионалните возачи како туристи или мигранти, да се третираат како професионалци и на тој начин да можат да ја вршат својата работа. Се различно од ова ќе значи сериозен удар не само за македонската и регионална економија туку и врз економијата во цела Европа, имајќи предвид дека бројни компании се извозно ориентирани и извезуваат, а исто така и бројни компании во рамки на ЕУ ги користат нашите производи. Апелирам уште еднаш и го подржувам протестот на превозниците, да ова прашање се реши што поскоро и од 10 април да немаме проблеми за превозниците”- изјави вицепремиерот Николоски по средбата.

Претседателот на Стопанската Комора на Хрватска, Лука Буриловиќ истакна:

“ Имавме доста теми на кои разговаравме. Она што сакам да истакнам е добрата економска соработка која бележи околу 330 милиони евра. Има голем потенцијал за развој, потенцијалот е огромен и треба директно да соработуваме за да ја подигнеме оваа размена. Секако значајна е инфраструктурата која доста се работи во Македонија, а и ние сме во замав. Зборуваме и за развој на железничката инфраструктура која во Хрватска е во подем и секако постои голем потенцијал за соработка меѓу нашите и македонските компании”-изјави Буриловиќ.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top