Македонија

Николоски најавува нови проекти со Бугарија

Тој ја истакна важноста на проектот и за НАТО и САД, кои овој коридор го имаат обележано како стратешки и безбедносен во овој регион

Проблемот за пругата долж Коридор 8 кон Бугарија бил повеќе инженерски, а не политички, посочи министерот за транспорт Александар Николоски во телевизиско гостувње. Дополни дека имало многу емисии во Бугарија кои ја ширеле тезата дека Николоски и бугарскиот министер за транспорт и врски Караџов лажеле во врска со договорот. Сепак, како што потенцира, работите треба да се гледаат објективно.

– Не успеа намерата на поедини сили во Бугарија, од инженерски да направат политички проблем, сега имаме конкретен и цврст договор за изградба на заедничкиот тунел од пругата, а гарант за тоа се Европската Унија и САД.

Не беше лесно и за Караџов и треба да му се оддаде признание за таа работа на бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт. Затоа што сериозни политички структури во бугарскиот политички живот беа против ова. Тие генерално мислам дека не ни знаат што е проектот, но се против добри односи и нормализирање на односите помеѓу Македонија и Бугарија – рече Николоски.

Министерот нагласи и дека француската влада и нивниот министер за транспорт и врски одиграл важна улога во склучување на договорот меѓу Македонија и Бугарија.

– Мислам дека министерот сфати дека е и инженерски проблем, а не политички и дека треба да се тргне политиката од истиот. И препораката беше да разговараме само на теми коишто се поврзани со функционалноста на проектот – додаде Николоски.

На средба во Истанбул бил презентиран проектот на Македонски железници, со кое се нашло решение.

– Јас го презентирав проектот којшто Македонски железници инфраструктура го има изработено за целиот тунел. Тие го разгледаа и го прифатија после неколку дена. Рекоа дека е одлично направен. Јас ја презедов обврска да ја забрзаме работата на вториот дел од делницата на пругата.

Тоа е делот којшто оди од Бељаковце до Крива Паланка. Бељаковце-Куманово го пуштивме што веќе го праиме. Уште два тунели остануваат непробиени од вкупно 16 коишто ќе ги има на таа траса, изедов обврска да се тендерира третиот дел којшто и открива Паланка до граница односно до тунелот –  образложи Николоски.

Тој ја истакна важноста на проектот и за НАТО и САД, кои овој коридор го имаат обележано како стратешки и безбедносен во овој регион.

– Овој коридор треба да е начин за снабдување на Украина, имајќи во предвид дека од Бургас до Одеса е многу кратко патувањето со брод, а другото е железнички и евтин превоз кој што би се користел при реконструкција на Украина или ако продолжи војната при понатамошни активности за одбрана на Украина. Така што е многу значајно и учеството на САД – рече Николоски.

Вицепремиерот зборуваше и за други инфраструктурни проекти кои ги договорил со бугарскиот вицепремиер Караџов, а ќе почнат да се реализираат во скоро време.

– Она што исто така е важно, е дека со Караџов договоривме уште две работи. Прво, ќе почнат да градат експресен пат и автопат до Деве Баир, што прв пат се случува во историјата на односите на двете држави. И второ, знаете дека Македонија има одлична геостратешка положба, каде што се вкрстуваат два паневропски коридори, 8 и 10, а низ Бугарија поминува Коридорот “Струма”, се договоривме да ги споиме Коридорот 10 и Коридорот „Струма” – рече Николоски, додавајќи дека овој проект би значел поврзување со експресен пат од Македонија преку Смоквица-Валандово и Струмица и Ново Село, а истиот би се финансирал со средства од евтини кредити и грантови, за кои веќе постои интерес од страна на Европската Унија и Европската Инвестициска Банка.

Македонија и Бугарија ги дефинираа активностите и меѓусебните обврски за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8 со Договорот што го потпишаа на 6 ноември вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов, на железничката станица Ѓуешево.

Финансиската конструкција на проектот е над 1,4 милијарди евра. Од нив, околу 200 милиони евра се неповратни грант-средства, додека остатокот ќе биде обезбеден преку кредити од Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој и други европски извори. Бугарија, пак, ќе инвестира 1,2 милијарди евра – најголем дел за реконструкција на железничката линија Софија–Радомир–Перник–Ќустендил–Ѓуешево и за изградба на делницата до границата со Северна Македонија, како и за заедничката изградба на тунелот меѓу двете држави.

Најнови вести од: Македонија

Демографијата тоне – аларм за намалениот наталитет во Македонија

Зарем е важно кога се родени денешните првачиња и кој е крив за се помалиот број првачиња? Факт е дека државата старее и дека од година во година имаме се помалку првачиња. Додека цели семејства заминуваат од државата, политичарите си наоѓаат нова тема за меѓусебни препукувања наместо да донесат итни мерки за да се спречи одливот на млади.

МЗ: Нови седум случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, сите од Скопје

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи се од Скопје – по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани, информираа попладнево од Министерството за здравство.

Попов: Покрај јавниот, намален и државниот долг за над 40 милиони евра, кој e сега 51,7% од БДП

Државниот долг заклучно со 30 јуни 2026 година изнесува 9,432 милијарди евра или 51,7 проценти од БДП, што претставува намалување од 41 милион евра во споредба со претходниот месец, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов на денешната прес-конференција.

To top