Македонија

Николоски: Очекувам коридорот 10-д да биде алтернатива за сите патници од Виена до Атина

Со одлична динамика се одвива изградбата на автопатот од Прилеп до Битола, а очекувањата се оваа автопатска делница од коридорот 10 -д да биде целосно завршена до крајот на 2027 година

Со одлична динамика се одвива изградбата на автопатот од Прилеп до Битола, а очекувањата се оваа автопатска делница од коридорот 10 -д да биде целосно завршена до крајот на 2027 година – истакна министерот за транспорт, Александар Николоски во интервјуто за ТВ Њузмакс Балкан.

Веќе го пуштивме во употреба експресниот пат Градско-Прилеп, односно потегот Градско-Дреново-Фариш, а размислуваме да го споиме и Фариш со Прилеп со експресен пат или автопат, што ќе ја отвори централна Македонија. Тоа е делот од државата кој што најмногу придонесува во БДП, таму се произведува 80% од електричната енергија што ја произведуваме како држава, над половина од земјоделското производство, тука е мермерот, тука се едни од најголемите фабрики и комбинати кои ги има Mакедонија.Ова беше запоставен крај, а сега целосно се отвара овој крај и кон Скопје и кон соседните земји, истакна Николоски.

Во однос на врската на коридор 10 -д, министерот потенцираше дека со изградбата на оваа патна мрежа, кoридорот 10- д ќе стане алтернатива за патување кон соседна Грција за голем број патници кои патуваат на релација Виена преку Будимпешта-Белград-Скопје-Атина со што ќе се скратува патувањето за еден час.

Најнови вести од: Македонија

Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар по масовното труење со загадена вода

Агенцијата за храна и ветеринарство издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е загадена и небезбедна за употреба.

Семејството на Тоше Проески се дистанцира од најавениот концерт во Сплит

Нема да настапат Кристијан, ниту придружниот бенд на Тоше. Организаторите немаат службена дозвола од нас за негово одржување, а ние сме единствените носители на правата – се вели во објавата.

To top