Македонија

Николоски од Вашингтон: Разговаравме за економска соработка, енергетската транзиција и изградба на коридори

На средбата со Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, беше нагласено силното партнерство меѓу двете земји, засновано на меѓусебна поддршка и споделена посветеност на демократските вредности, како и на создавање подобри перспективи за економска и трговска соработка, соопшти Министерството за транспорт.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, оствари работни средби во Стејт департментот на САД, на кои се разговараше за стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, со посебен акцент на политичките и економските врски. На средбата со Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, беше нагласено силното партнерство меѓу двете земји, засновано на меѓусебна поддршка и споделена посветеност на демократските вредности, како и на создавање подобри перспективи за економска и трговска соработка, соопшти Министерството за транспорт.

  • „Денес во американскиот Стејт департмент одржав неколку средби на високо ниво, каде што разговаравме за односите меѓу нашите две земји. САД се стратешки партнер број еден на Македонија, земја која најмногу ја поддржува Македонија, и разговаравме за нашата заедничка економска и политичка соработка. Меѓу другото, се сретнав и со заменик-помошникот државен секретар за Европа, Даниел Лотон. На средбата разговаравме за продлабочување на политичките и економските врски меѓу двете земји, како и за стратешкото партнерство што го споделуваме. Разговаравме и за соработката во НАТО во овие предизвикувачки времиња, како и за заедничките операции што ги спроведуваме“, изјави вицепремиерот Николоски по средбите во Стејт департментот.

Николоски нагласи дека се разговарало за економска соработка, главно во областа на енергетската транзиција и изградбата на коридори.

  • „Разговаравме за паневропските коридори 8 и 10, кои минуваат низ Македонија и се од витално значење за економијата и безбедноста на нашата земја. Разговаравме и за продлабочување на соработката во наредниот период. Очекуваме повторно да се активира Стратешкиот дијалог, каде што ќе разговараме за заедничките предизвици на двете земји. Тука е и трговскиот договор, кој ќе овозможи многу повеќе бизнис и трговија меѓу двете земји, и секако стратешкото партнерство, кое треба да донесе просперитет, напредок, безбедност и прозападни вредности во Македонија“, рече Николоски.

Вицепремиерот Николоски денес ја продолжува работната посета на Вашингтон со говор на глобалниот настан „Трансформирање на транспортот 2026“.

Најнови вести од: Македонија

Бугарија бара „гарантирање на правата на Бугарите во Македонија“, а Македонците за неа таму „не постојат“ и немаат никакви права!

Бугарија категорично не учествува во никакви консултации за преговарање на обврските преземени од Република Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Ова го изјави министерката за надворешни работи Велислава Петрова за време на денешната парламентарна контрола во бугарското Народно собрание, објавија бугарските медиуми.

ЕСМ: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

ЕСМ Снабдување со топлина упати последен апел до граѓаните на Скопје приклучени на системот за централно греење навремено да ги завршат сите неопходни подготовки за претстојната грејна сезона

To top