Македонија

Николоски: Овој автопат јасно ја покажува разликата меѓу сегашната и минатата Влада

Ова беше симбол за неспособноста на минатата Влада на СДСМ и ДУИ, ова беше заборавен напуштен проект на кој немаше работници, инженери, ниту машини, и ова е проект кој е симбол и доказ за посветеноста и работата на оваа Влада

Пуштени се во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун. На свеченото пуштање во употреба се обрати и Вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски кој се согласува дека овој автопат јасно ја покажува разликата меѓу сегашната и минатата Влада.

Големо задоволство е, нагласи Николоски, да ги видиме првите 20 километри во реалност како може да ги користат граѓаните од цела Македонија, побрзо да се патува и до Тетово и до Гостивар и до Скопје, да се поврзе Македонија со Албанија и секако да се отворат големите туристички центри Охрид и Струга за сите кои сакаат да ги посетуваат.

-Ветив дека за проблемите ќе зборувам кога ќе го завршиме целиот автопат на крај на следната година. Само сакам да кажам две работи, првата дека ова беше симбол за неспособноста на минатата Влада на СДСМ и ДУИ, ова беше заборавен напуштен проект на кој немаше работници, инженери, ниту машини, и ова е проект кој е симбол и доказ за посветеноста и работата на оваа Влада и тоа е клучната разлика помеѓу нас и нашите политички опоненти. Второт е дека е многу значајно и симболично е што првиот дел од патот го отвораме во славна Дебарца – овде има многу историја, многу приказни а сега и модерен автопат, рече вицепремиерот и министер за транспорт Николоски.

Тој се надева дека за многу скоро време ќе биде завршен и вториот дел и до крајот на идната година и целиот автопат. Вкупната должина на автопатот изнесува 57 километри.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top