Македонија

Николоски: Се размислува за електронска наплата на патарините, ќе се наплаќа од километар

Се разгледува воведување електронска наплата на патарините на автопатите, без возилата да застануваат на наплатните станици. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека се размислува патарината да се наплаќа по поминат километар и дека при изработката на законот ќе се побара експертска помош.

Според Николоски, ваквиот начин на наплата би овозможил побрз проток на возилата, пониски трошоци за возачите и поголема безбедност во сообраќајот, со помала опасност од сообраќајни незгоди.

– Вчера, по враќањето од Виенскиот економски форум, имав средба со новиот претседател на Европската транспортна заедница, кој дојде во Скопје. Ова беше една од главните теми. Би сакале да ја искористиме нивната стручност при изработката на законот. Хрватска се обидува да го примени овој систем, но сè уште не почнала. Во моментов започнува неговата примена на обиколницата на Белград. Тоа е горе-долу сè што можеме да видиме во регионот. Затоа ни е потребно искуство од понапредни европски држави. Сметав дека е корисно да ја претставиме нашата идеја и да вклучиме експерти од Европската транспортна заедница, кои заедно со нашите експерти ќе работат на законот – изјави Николоски пред почетокот на 21. конференција на МАСИТ, посветена на вештачката интелигенција.

Николоски очекува законот да биде претставен во текот на декември. Со наплатата по поминат километар, како што посочи, би се избегнала сегашната практика на иста наплатна станица да плаќаат ист износ и возачите што поминале пократко растојание и оние што поминале подолго.

– Нашата идеја е да се наплаќа по километар, што би било многу поправедно од сегашниот начин на наплата. Ако тргнете од Демир Капија кон Гевгелија, плаќате 100 денари на наплатната станица кај Смоквица. Ако тргнете од Скопје кон Гевгелија, на истата наплатна станица повторно плаќате 100 денари, што е неправедно за жителите на Демир Капија. Затоа сметаме дека треба да се наплаќа по поминат километар, што значително би ја намалило цената – рече Николоски.

Новиот начин на наплата најпрво би се применил на автопатот Кичево – Охрид, за кој Николоски очекува целосно да биде пуштен во сообраќај во мај. Во следните неколку недели, како што посочи, треба да биде пуштен во сообраќај најтешкиот дел од автопатот, на кој има четири галерии, неколку мостови, вијадукти и најдолгите тунели.

Потоа, ваквата наплата би се вовела и на другите автопатски делници што се градат – Прилеп – Битола, Букојчани – Гостивар, Гостивар – Тетово и Кичево – Букојчани.

Најнови вести од: Македонија

Во петок протест по претепувањето на Сара од Охрид

  „Доста беше од ветувања, молчење, молење и чекање. Бараме ОДГОВОРНОСТ, бараме ПРАВДА, бараме ПРАВА! Се гледаме на улица!“ порачаа од Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ која повикува во петок (20 ноември) на протест против фемицидот, насилството и институционалната неодговорност. Протестот е најавен во 13 часот пред Владата, а следи по последниот случај во кој […]

Четворица Албанци од Македонија планирале терористички напад во Грција по директиви од Иран

Според Агенцијата за национална безбедност на  Македонија, мрежата наводно дејствувала по инструкции на ирански државјанин по име Едрис Џахангири Маванех. Според Агенцијата, тој има врски со поединци блиски до иранските разузнавачки служби, како и со осомничениот трговец со дрога, Наџи Шарифи Зиндашти

Дебакл на протестот кој се обиде да си го присвои една политичка партија

„Улиците и протестите ни припаѓаат нам, граѓанските! ГНЕВОТ НЕМА ДА НИ ГО ЗЕМЕТЕ“, порачаа од Иницијативата, осудувајќи ги партиските упади и обидите за инструментализација на женското движење

To top