Македонија

Николоски во САД: Разговараме за раст на партнерството меѓу Македонија и Светска банка

Чарлс Кормиер, регионалниот директор за инфраструктура во Светска банка го поздравил присуството на вицепремиерот Николоски на глобалниот настан и истакнал дека оваа година Светска банка во фокусот ги стави темите поврзани со решенија за одржлив и инклузивен транспорт во светот како предуслов за раст и отворање на нови работни места.

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во Вашингтон САД, оствари работна средба со Чарлс Кормиер, регионален директор за инфраструктура во Светска банка, со кој разговараше за зголемување на партнерството меѓу Македонија и Светска банка во поддршка за развојни проекти во државата. Притоа, вицепремиерот Николоски истакна дека подршката на Светска банка е значајна во делот на инфраструктурата и транспортот и најави нови проекти за општините.

Вицепремиерот, како што информираат од Министеството за транспорт, е еден од главните говорници на Глобалниот настан „Transforming Transportation 2026″, во Вашингтон, кој е во организација на Светска банка, каде се говори за развојот на инфраструктурата и транспортот и неговото влијание за економскиот развој.

  • Ми претставува огромна чест овие два дена да се биде во Вашингтон во седиштето на Светска банка и да можам да се обратам како еден од главните говорници на глобалниот настан што го организира Светска банка, каде ќе се осврнам на транспортот, комуникациите инфраструкурата и на се она што го работиме. Ќе имаме можност да зборуваме за проектите што ги реализираме во Македонија. Средбите се на високо ниво,вели Николоски.

Тој додава дека ние досега имаме одлична соработка со Светска банка, и оти нема општина, нема град, нема село во Македонија каде во моментов не се работат локални улици токму со средства од Банката.

  • Некаде околу 286 киломери локални улици се прават со подршка од Светска банка. Исто така, ја подобруваме состојбата во Царината, каде во еден систем ќе се интегрираат осум институции каде ќе значи побрз проток на стока и луѓе и нема да има застанување на граница за товарниот сообраќај што многу значи во едни вакви предизвикувачки услови. Тука е реконструкцијата на двата граничнини премини, Ќафасан кој не спојува со Албанија и Деве Баир кој не спојува со Бугарија, а во следниот период ќе работиме и на Интелегентни транспортни системи, ќе работиме на подобрување на состојбата во сообраќајот во Царината и останатите сектори каде имаме заедничка соработка. Најавувам бројни нови проекти, кои ќе ги работиме во соработка со Светска банака во Македонија, особено во делот на урбана мобилност каде пилот проект имаме во Скопје, а потоа ќе го прошириме во останатите градоови, вели вицепремиерот и министер за транспорт.

Според него, најважно во овој момент она што е основен предизвик за голем број на општини е хигиената и оти заедно со Светска банка работат на еден проект за Град Скопје во чии рамки ќе обезбедат возила за Комунална хигиена каде целосно треба да ја променат сликата за чистотата на општините.

  • Навистина е големо задоволство да бидем избран еден од тројцата кои ќе се обратат на годишната конференција која ја прави Светска банка овде во Вашингтон. Тоа е признание за Владата, признание за напорната работа и ќе продолжиме со нашите меѓународни партнери да ја равиваме Македонија, да отвораме нови добро платени работни места и луѓето да остануваат во Македонија, изјави вицепремиерот Николоски.

Чарлс Кормиер, регионалниот директор за инфраструктура во Светска банка го поздравил присуството на вицепремиерот Николоски на глобалниот настан и истакнал дека оваа година Светска банка во фокусот ги стави темите поврзани со решенија за одржлив и инклузивен транспорт во светот како предуслов за раст и отворање на нови работни места.

Најнови вести од: Македонија

Од 1 јули строги правила за влез во ЕУ за комбиња и лесни камиони

Европските институции очекуваат новите мерки да придонесат за поефикасен надзор врз меѓународниот транспорт, подобра контрола на движењето на возилата и построго почитување на правилата за работното време на возачите.

Мицкоски: Соседна држава шири теза за запирање на европските фондови со цел да банкротираме и да прифатиме сè што се бара од нас

Премиерот не откри која соседна држава, членка на ЕУ, ја шири ваквата теза и додаде дека сознанијата доаѓаат од неговите неодамнешни мултилатерални и билатерални средби.

АД МЕПСО: Го прифаќаме извештајот на ДЗР и веќе спроведуваме мерки за отстранување на затекнатите слабости

Од АД МЕПСО соопштија дека ги прифаќаат наодите од Државниот завод за ревизија и веќе преземаат мерки за отстранување на утврдените слабости. Според МЕПСО, голем дел од забелешките се однесуваат на процеси, договори, инвестиции и имотно-правни прашања што се наталожувале со години, а дел од нив датираат уште од основањето на компанијата во 2004 година.

To top