Македонија

(Фото): Меморандуми за соработка со високообразовни институции за поддршка на општините

Меморандумите имаат за цел да ја поврзат академската експертиза и научно-истражувачкиот потенцијал со реалните потреби на општините, преку заедничко делување во областите што се од надлежност на општините.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, потпиша Меморандуми за соработка со шест високообразовни институции, со што се воспоставува нова рамка за институционална соработка меѓу Министерството и академската заедница. Кон крајот на минатата година, Министерството потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со чии професори и академски кадар веќе е воспоставена соработка.

Меморандумите имаат за цел да ја поврзат академската експертиза и научно-истражувачкиот потенцијал со реалните потреби на општините, преку заедничко делување во областите што се од надлежност на општините.

  • „Потпишувањето на Меморандумите за соработка поттикнуваат заедничко делување во областите што се во фокус на  Ресурсниот центар за поддршка на општините и претставуваат значаен чекор во насока на јакнење на капацитетите на општините“, изјави министерот Перински.

Меморандуми за соработка беа потпишани со Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, претставуван од ректорот проф. д-р Дејан Мираковски, Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, претставуван од проректорот проф. д-р Атанас Христов, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, претставуван од ректорот проф. д-р Игор Неделковски, Универзитет во Тетово, претставуван од ректорот проф. д-р Јусуф Зејнели, Универзитет „Мајка Тереза“ – Скопје, претставуван од ректорот проф. д-р Беким Фетаји и Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово, претставуван од ректорот проф. д-р Садудин Ибраими.

Преку оваа иницијатива ќе се поттикне експертска поддршка за општините, во насока на унапредување на локалниот развој и подобрување на услугите што ги добиваат граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top