Македонија

Набавката на 120 еко-автобуси ќе почека

Само една компанија доставила понуда на јавниот повик објавен на 17јуни

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење.

Оттаму  информираа дека на јавниот повик кој беше објавен 17 јуни со краен рок за достување на понудите 24 јули 2025 година, само една компанија доставила понуда.

Се наведува дека по извршената евалуација, „Комисијата надлежна за спроведување на јавната набаака, утврди дека компанијата не ги исполнува критериумите согласно објавениот јавен повик“.

Министерството за транспорт во следниот период ќе направи дополнителни анализи околу набавката на електрични еколошки автобуси и ќе ја информира јавноста.

Најнови вести од: Македонија

Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ од 3.10.1943 – еден од најважните документи во македонската национална и политичка историја

„Македонски народе! Македонци и Македонки! Браќа и сестри на нашата поробена, ама никога непокорена татковина! Нашата млада војска, под славното знаме на Крушовската република, победоносно чекори и смело гази на кај исполнуењето на својата голема идеја – ослободуењето на Македонија. “  – стои во Манифестот на АСНОМ на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, кој му е упатен на македонскиот народ на денешен ден, на 3 октомври 1943 од борбените позиции кај селото Црвена Вода на Караорман планина, во историската Дебрца. Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ од 3 октомври 1943 година е првиот стратешки и програмски документ упатен директно до македонскиот народ во текот на Втората светска војна. По своето историско значење, тој се смета за рамноправен со Крушевскиот манифест од 1903 година, бидејќи ја постави цврстата платформа за идната македонска државност.

Еден од најголемите случаи во поновата историја на Македонија сѐ уште без одговор: кој стоел зад атентатот врз Глигоров на 3.10.1996?

Пред 31 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

To top