Македонија Бизнис

Нотарите бараат двојно да поскапат тарифите

Нотарската комора бара зголемување на дел од нотарските тарифи, кои, како што посочуваат, не се зголемени повеќе од 25 години. Конкретно, станува збор за заверка на документи, која сега чини 100 денари. Бараат таа двојно да поскапи, на 200 денари. Измените во дел од нотарската тарифа комората бара врз основа на зголемени трошоци за работа. […]

Нотарската комора бара зголемување на дел од нотарските тарифи, кои, како што посочуваат, не се зголемени повеќе од 25 години. Конкретно, станува збор за заверка на документи, која сега чини 100 денари. Бараат таа двојно да поскапи, на 200 денари. Измените во дел од нотарската тарифа комората бара врз основа на зголемени трошоци за работа.

Поради пораст на материјалните трошоци, повеќе од две децении непроменети фиксни тарифи, како и сè поголем број нотарски канцеларии низ државата, од Нотарската комора предлагаат зголемување на цените за одредени услуги. За ваквите предизвици разговарале и со Министерството за правда, каде што побарале измени во законската регулатива.

Како дел од проблемот, ги посочуваат законските измени со кои се дозволува наместо претходно уреденото на 20.000 граѓани да има еден нотар, сега тој број да е значително поголем. Нивните барања вклучуваат и корекција на надоместокот за одредени теренски активности без соодветно покривање на трошоците.

  • „Ние работиме задачи на терен без ниту материјално, ниту финансиско признание. Очекуваме барем овие ангажмани да бидат соодветно вреднувани. Ако се зборува за зголемување од 100% – тоа значи од 100 денари на 200 денари. За споредба, Куманово има 70.000 жители, а работат 14 нотари, кога според критериумот би требало да се четири или пет. Слична е состојбата и во Скопје, каде што има 70 нотарски канцеларии на 660.000 жители“, потенцираат од Комората.

Од Министерството за правда велат дека во моментов не се работи на промена на нотарските тарифи. Ова прашање, велат, ќе се разгледува кога се пристапи кон законски измени и ќе се извршат сеопфатни анализи.

Претходно, Катастарот ги намали цените за дел од услугите за дури 75%.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Претсмртниот завет на Антон Попов до сите македонски поколенија да го чуваат македонското име и никогаш да не отстапуваат од борбата за иднината на Македонија

На денешен ден, на 20 октомври 1915 година е роден непокорниот син на Македонија и македонскиот народ писателот Антон Попов. Неизмерна е важноста на неговите дела за градењето на македонската самосвест на македонскиот народ. Како бранител негов и на македонската кауза, во своите публицистички трудови, како што е знаменитата статија „Дали постои македонска нација“ Попов дава јасен, научно и историски образложен одговор за постоењето на македонскиот народ, со кој ги побива туѓите негаторски пропаганди. Попов постоеше и живееше, сонуваше и копнееше, дишеше и умре за саканата таковина Македонија, стрелан во Софија на 23 јули 1942 година од царборисовскиот фашистички режим на Бугарија.

Техновејшн ЈИЕ 2026: Вистинската трансформација започнува кога ќе се осмелиме да го менуваме и она во што сме успешни

Суштинската трансформација на една компанија не започнува кога стариот модел на работење ќе престане да функционира, туку кога таа е подготвена да го преиспита моделот врз кој веќе го изградила својот успех

„РОЗОВ ОКТОМВРИ“ ВО ОПШТИНА КАРПОШ – ЗАЕДНО ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАКОТ НА ДОЈКАТА

Денес, во Општина Карпош, се одржа едукативен настан посветен на кампањата „Розов октомври“, чија цел е подигнување на свеста за ракот на дојката, важноста на навременото откривање и грижата за сопственото здравје

To top