Македонија

Нова ера на пренос на спортови: Galaxy S26 Ultra носи нови перспективи, внесувајќи ги камерите во самата акција

Снимајќи нови агли како никогаш досега, професионалното снимање на Galaxy S26 Ultra го трансформира начинот на кој скејтбордингот се снима, доживува и пренесува во реално време

Компанијата Самсунг (“Samsung“), глобален партнер на Лигата за Уличен Скејтбординг (Street League Skateboarding – SLS), објави дека Galaxy S26 Ultra за првпат беше искористен за снимање во живо на натпреварот на лигата, кога го сними настанот “SLS DTLA Takeover“ на 4 април. Професионалната камера на Galaxy S26 Ultra ја редефинира улогата на мобилните уреди во спортот, нудејќи свежо визуелно искуство на скејтбординг кое го одразува интензитетот на самиот спорт.

Спортското емитување еволуира, приближувајќи ги навивачите до искуството со тоа што камерите се приближуваат кон акцијата. “Samsung“ го поттикнува овој пресврт со Galaxy системот за камери и неговата способност да работи со перформанси на ниво на емитување, преку спојување на поврзаноста и мобилноста. На почетокот на оваа година, водечкиот Galaxy уред беше искористен за пренос во живо на церемонијата за отворање на Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026, каде што “Samsung“ соработуваше со Олимпискиот Сервис за пренос (Olympic Broadcasting Services – OBS) за да вгради Galaxy уреди низ целата локација на една од најголемите спортски сцени во светот. Резултатот беше нов слој на визуелно раскажување приказни, со доловување на динамични перспективи кои го надополнија традиционалното медиумско покривање. Овие можности беа проширени и на настанот Galaxy Unpacked 2026, прикажувајќи ја неговата способност да обезбеди снимање и пренос на видео со професионален квалитет.

Сега, “Samsung“ ја предводи оваа трансформација во натпреварите во скејтбординг со вградување на Galaxy S26 Ultra директно во клучните елементи на патеката, вклучувајќи шини, ивици и пречки, низ целата сезона на “SLS 2026“, целосно проширувајќи го Galaxy аголот на гледање (point of view – POV) за првпат претставен на “SLS Сиднеј 2026“.

“Мобилната иновација отвора нови можности за тоа како спортовите се снимаат и доживуваат”, изјави Џошуа Чо (Joshua Cho), Извршен Потпретседател и Раководител на тимот за визуелни решенија, бизнис за мобилно искуство (Mobile eXperience – MX) во “Samsung Electronics”. “На Милано Кортина покажавме како технологијата на Galaxy може да ги надополни традиционалните системи за емитување. Со ’Street League Skateboarding’, го носиме истиот пристап директно на патеката со нашата најнова, најнапредна камера на уред и користиме мобилен агол на гледање (POV) за да го снимиме скејтбордингот од сосема нови перспективи.”.

Вградени низ целата патека, уредите обезбедуваат перспективи од ниво на скејтер, нудејќи агли кои традиционалните системи за емитување често не можат да ги доловат. Ова снимање се пренесува директно во работниот тек на продукцијата во живо, овозможувајќи речиси моментално премотување и нудејќи им на гледачите свежо визуелно искуство кое го одразува интензитетот на самиот спорт.

Од брзината до прецизноста на секое слетување, скејтбордингот се дефинира со детали кои често се губат од далечина. Со мобилни камери поставени директно на патеката, “Samsung“ го реосмислува начинот на кој се доживува спортот, приближувајќи ги навивачите до секое движење во воздухот, превртување на скејтбордот и приземјување. Овие нови перспективи нудат подлабок увид во техниката, тајмингот и контролата, истовремено зајакнувајќи ја врската помеѓу навивачите, спортот и спортистот.

Опремен со најнапредниот мобилен систем за сликање на “Samsung“ досега, Galaxy S26 Ultra е дизајниран да работи во брзи, непредвидливи средини, исто како и самите спортисти. Обезбедува професионални перформанси на камерата и висококвалитетни снимки во широк спектар на услови за снимање, со подобрена стабилизација, интелигентна обработка и способност да се одржи јасност во услови на слаба осветленост или голема брзина. Ова ѝ овозможува на камерата на Galaxy да работи заедно со конвенционалните камери, притоа одржувајќи јасност, стабилност и детали во простори до кои традиционалните камери за емитување не можат лесно да пристапат.

Поставувањето на уредите Galaxy S26 Ultra го следи ритамот и текот на секое поминување на патеката, откривајќи го стилот, брзината и прецизноста на секој трик. Функциите на Galaxy исто така ги прошируваат креативните можности на продукцијата. Функциите како Super Steady со стабилизација со хоризонтално заклучување помагаат да се одржи гладок, нивелиран материјал дури и при движење со голема брзина, додека Instant Slow-Mo овозможува детално прикажување на триковите додека се случуваат. Заедно, овие можности им овозможуваат на продукциските тимови да го снимаат скејтбордингот со поголема јасност, стабилност и блискост, прикажувајќи ја прецизноста, стилот и техничката вештина зад секое движење.

“Скејтбордингот досегнува до повеќе луѓе од кога било досега, особено како што овој спорт продолжува да расте на светската сцена”, изјави Брет Кларк (Brett Clarke), Главен оперативен директор на “Трил Спортс“ (“Thrill Sports“), матичната компанија на “Street League Skateboarding“. “Соработките како онаа што ја имаме со ’Samsung’ ни помагаат да го развиеме начинот на кој спортот се споделува со фановите, притоа останувајќи верни на креативноста и културата што го дефинира скејтбордингот.”.

Дебито на интеграцијата на аголот на гледање на Galaxy S26 Ultra на “SLS DTLA Takeover“ е сигнал за насоката во која се движи спортското емитување. Како што продолжува турнирот “SLS Championship Tour“, “Samsung“ ќе продолжи да истражува како мобилната технологија може да се развие во разновидни алатки за емитување. Со поглед кон големите светски спортски настани и патот до Лос Анџелес 2028, оваа промена сугерира иднина во која границата помеѓу камерата на паметниот телефон и камерата за емитување продолжува да исчезнува, приближувајќи ги навивачите до акцијата.

LOS ANGELES, CALIFORNIA – APRIL 04: <>during the Samsung and Street League Skateboarding’s Los Angeles Takeover at Ace Mission Studios on April 04, 2026 in Los Angeles, California. (Photo by Joe Scarnici/Getty Images for Samsung)

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

 

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

За “Street League Skateboarding

Од своето основање во 2010 година, “Street League Skateboarding“ (SLS) го подигна уличниот скејтбординг од збир на независни настани во позната светска серија натпревари. Како пионери на премиум квалификацискиот систем и натпреварувачкиот формат во уличниот скејтбординг, “SLS“ нуди патека за развој од аматер до професионалец и создава возбудливи настани во живо ширум целиот свет. Турнирот “SLS Championship Tour“ е признаен како најпрестижното професионално натпреварување во уличен скејтбординг во светот. Натпреварите се одржуваат на специјално изградени, единствени од таков тип плоштади, сертифицирани од “SLS“, во големите градови низ светот, каде што најдобрите во спортот се натпреваруваат за најголемите награди. За повеќе информации, посетете ја страницата: StreetLeague.com.

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Го одложуваме новиот Закон за внатрешни работи за СДСМ да остане и без последното алиби за изборниот дебакл што ги очекува

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа најави дека ќе предложи до пратениците во Собранието одложување на примената на новиот Закон за внатрешни работи и измените на Законот за полиција, со цел тие да стапат во сила по завршување на следниот изборен процес

Традиционално моштите на Свети Георгиј Победоносец во литија ја осветија Струга

По завршувањето на Литијата во дворот на храмот верниците повторно имаа можност да се поклонат пред моштите и чудотворната икона на светителот, а беше приредена и културно уметничка програма

Ѓорѓиевски: Камениот мост во срцето на Скопје добива нов сјај

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска остварил средба со градоначалникот на Есенлер Мехмед Тевфик Ѓоксу, на која меѓудругото разговарале неодамна потпишаниот Протокол за соработка, кој се однесува на имплементација на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост

(Видео): Пропаѓа ли викенд-туризмот кон Грција?!

Пресметавме дека тоа се некаде околу 250.000 туристи. Тоа се истите туристи кои што одат викенд четврток – недела или петок – понеделник во Грција и тие ќе бидат засегнати со овој систем. Другите кои имаат свои куќи, станови, приколки, тие секако ќе одат и ако треба ќе чекаат и по повеќе часови и ќе поминат граница – рече Керим.

Девојче (12) од Штип тепано, клоцано, снимано со месеци, адвокатката Ристова ги гони родителите на насилниците и снимачите! (Вознемирувачко видео)

Страотни снимки од насилство врз дете сподели адвокатката Маја Ристова, која посочи дека станува збор за врсничко насилство во Штип. На нив се гледа како на девојче му се удираат шлаканици, удирано со боксови по глава и тело, но и клоцано додека лежи на земја. Насилството, според наводите, се случувало на повеќе локации во градот. Во изминатиот период зачестени се случаите на врсничко насилство. Пред ова, јавноста беше потресена и од случајот во Ѓорче Петров, каде девојче, според информациите, било тепано, раскрварено, горено со цигари и присилувано на понижувачки дејства од група врсници.

To top