Македонија

Новинар екс функционер на СДСМ ќе тужи затоа што ЦУК ги информирал граѓаните на лични телефонски броеви

,,Уште поголема бламажа е што не знаеме дали пишуваш од: незнаење или глупоќа”

Новинар и екс повеќекратен функционер во повеќе влади на СДСМ, Зоран Иванов, размислува да го тужи Центарот за управување со кризи затоа што ги информирал граѓаните за кризната ситуација на лични телефонски броеви.

 

Поводот за можна тужба од Иванов е вчерашната порака од ЦУК во која на граѓаните им се даваат информации за прогласена кризна состојба и забрана за движење во шумски предели.

 

,,Ве известуваме дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја за олеснување на справувањето со шумските пожари. Исто така, ве информираме дека е во сила забрана за движење во шумите”.

 

Според Иванов ЦУК не смее да праќа СМС пораки на личен телефонски број.

 

Тој алудира дека вакви пораки можат да бидат злоупотребени на избори.

 

,,Од каде му е на ЦУК бројот на мојот телефон да ми праќа СМС, да ги тужам ли?

Ало Комисија за заштита на лични податоци, ало мојата телефонска компанија, уште ли е удба главна или е проба за изборите?!!!”, прашува Иванов.

 

Во неговиот твит на социјалната мрежа Х поранешен Твитер тој добива одговори дека праќањето порака не значи дека некој ги има личните податоци туку дека сите граѓани кои се наоѓаат во земјава добиваат пораки без притоа било кој освен телефонските оператори да ги знаат личните податоци.

 

Иванов денеска не откри дали ќе тужи или веќе се премислил.

 

Сите одговори и коментари на твитот

https://x.com/ivanov_zoran/status/1943396292794716315?t=YvLIfpi6ybB5Yi9C8kC7iA&s=19

 

Дел од коментарите се сериозни а дел се шеговити:

Во секоја држава има вакви пораки за да информира државни органи за опасност граѓани како во Јапонија Америка и други имаат вакви начини за информирање во случај на незгода во Америка на пример е агенција Фема

 

Како работи системот? Еден од начините е да сите телефонски броеви што се пријавени на базна станица која се наоѓа во регион во кој се известува за некаква криза, добиваат порака. Тоа важи и за оние што преку роаминг. Така да нит ЦУК има, нит операторот споделува твој број

 

Срамота е ова да пишуваш.

Уште поголема бламажа е што не знаеме дали пишуваш од: незнаење или глупоќа.

А пострашно е што двете се поврзани.

А најстрашно е што ти беше советник на функцијата Претседател на МКД.

И за крај: без разлика колку е патетично, глупо…малку е и жално

 

Потрагично и посмешно е обидот за манипулација и сеење страв и паника. Секој оператор има услуга за праќање соопштенија до сите претплатници особено кога е од национален интерес

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top