Македонија

Новиот градоначалник на Кичево ја прими амбасадорката на САД

Јовановски и Агелер остварија значајна и конструктивна средба, информираат од Општината

Александар Јовановски, кој на неодамнешните локални избори стана нов градоначалник на Кичево, денеска во просториите на Општината оствари средба со амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер.

„На средбата се разговараше за повеќе теми од заеднички интерес: поддршка на локалните проекти за инфраструктура и одржлив развој, можности за економска соработка и инвестиции во регионот, поттикнување културна и образовна размена помеѓу општина Кичево и американски институции и за зајакнување на партнерството во областа на демократијата и транспарентното управување. Градоначалникот ја истакна важноста на ваквата средба за отворање нови перспективи и создавање подобри услови за граѓаните. Оваа средба претставува важен чекор кон продлабочување на пријателството и соработката помеѓу Општина Кичево и Амбасадата на САД“, информираат од општината во која Јовановски го победи Фатмир Дехари, кој три мандата во низа ја извршуваше градоначалничката функција. 

Најнови вести од: Македонија

Ахмети: Балканските криминалци соработуваат, но не и политичарите

„Трагедијата е во тоа што народите и политичарите кои ги претставуваат – и Македонците, и Албанците, и Србите – не успеваат да соработуваат за да изградат мирен Балкан и посигурна иднина за сите нас“, вели лидерот на ДУИ

Аларм: Секое 10-то дете во Македонија изложено на сексуална злоупотреба на интернет

Секое десетто дете во Македонија на возраст од 12 до 17 години коешто користело интернет било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба. Станува збор за околу 12.000 деца, бројка што ја потврдува и последното истражување на УНИЦЕФ.

(Видео): Проблемот со кравите во Крива Паланка стигна до Обвинителството – Општината поднесе кривични пријави

Крива Паланка, заедно со жителите од засегнатите села, поднесоа неколку кривични пријави до Обвинителството поради институционално непостапување по извршни решенија за одземање на добитокот што слободно шета во градот и пошироко.

To top