Списокот на граѓани кои се стекнале со право на поддршка е објавен на веб-страницата на Министерството. Од 18 март 2026 година до 17 април 2026 година, лицата кои се наоѓаат на списокот ќе можат да се обратат во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат, каде ќе треба да ги подигнат ваучерите, додека на сајтот на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е точно наведено која документација е потребна и кој е текот на процедурата за подигнување.
https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-oglasi/javen-povik-za-realizacija-vaucer-za-kupuvanje-i-vgraduvanje-na-inverter-klima-ured
За дополнителни информации, доколку е потребно, лицата што се стекнале со право можат да се обратат и на следните телефонски броеви и емаил:
071-391-187
071-391-169
ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk
Рокот за подигнување на ваучерот е 30 дена од денот на објавата. По подигнувањето -Ваучерот овозможува набавка и вградување на инвертер клима уред со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+, а може да се искористи најдоцна до 15 октомври 2026 година. Министерството во наредните денови ќе објави и список на компании со кои се склучени договори, каде граѓаните ќе можат да ги искористат своите ваучери. Ранливите потрошувачи ќе избираат клима уред од понудите на овие компании, без дополнителна доплата, а вредноста на ваучерот изнесува до 28.000 денари.
Министерството уште еднаш нагласува дека оваа објава се однесува само на граѓаните кои веќе аплицирале на јавниот оглас во 2025 година, и претставува завршна постапка за реализирање на поддршката. Во рамки на овој повик се доделуваат вкупно 4070 ваучери. Со оваа мерка државата продолжува да ги поддржува ранливите категории граѓани преку намалување на трошоците за енергија и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата.