Македонија

Обвинителка била незадоволна од задоволен пациент на Жан Митрев: Не си тука на јавна трибина

Обвинителката постапила спротивно на Законот за кривичната постапка и сторила груба повреда на постапката

Пациент на клиниката Жан Митрев кој бил повикан во обвинителството да даде исказ за случајот кој го водеше обвинителката Искра Хаџи Василева бил прекинат кога кажал дека спасот го нашол во Жан Митрев.

Повиканото лице во обвинителстово отишло кога обвинителката Хаџи Василева собирала искази од повеќе пациенти со цел да креира обвинение против Жан Митрев но кога лицето дало исказ дека всушност тој бил спасен во клиниката бил грубо прекинат.

,,Бев повикан од ЈО да дадам исказ за оштета бидееќи бев пациент за време на короната. Во просторијата бевме повеќе ,,оштетени,,. Земав прв збор и образлагав дека единствен спас најдов во Жан Митрев. Бев прекинат бидееќи не им одговараше моето кажување.
И Обвинителката ми вели ,, слушај не си ти тука на јавна трибина,, ме прекина и она во една реченица го напиша исказот дека НЕ СУМ ОШТЕТЕН”, пишува Ордан Ристовски.

Од изјавата на Ристовски меѓу другото се открива драматична повреда на постапката затоа што според Законот за кривична постапка не смеела да испрашува повеќе повикани лица одеднаш на исто место.

Обвинителката Искра Хаџи Василева веќе не го води предметот кој од пред еден месец го презела обвинителката Лидија Раичевиќ но повредите на постапката покрај низа други аномалии во процесот против Жан Митрев остануваат да сведочат за политички и бизнис спреги кои според досега познатите информации имале за цел да го сменат сопствеништвото на клиниката Жан Митрев.

Ристовски изјавата за манипулацијата ја дава како коментар на веста дека судот во Струмица одбил да суди по тужбата на Зоран Заев против Жан Митрев.

Жан Митрев ја урива ,,правосудната империја” на Зоран Заев

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ако ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја отсликува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза.

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top