Македонија

Жан Митрев ја урива ,,правосудната империја” на Зоран Заев

Дали распадот на правосудната поддршка за фамилијата Заеви ќе се одрази и на судењето на Жан Митрев и неговата клиника каде има смена на контроверзната обвинителка Искра Хаџи Василева

Познатиот кардиохирург Жан Митрев ја урива правосудна империја на екс премиерот Зоран Заев откако судот за кој се сметаше за бастион на фамилијата Заев која владееше со Струмица со децении, донесе одлука спротивна на интересите на кланот Заеви.

Заев во тужбата за клевета бараше 500.000 денари отштета а предметот по негова желба требаше да се води во судот во Струмица каде дел од судиите се сметаат за блиски на кланот Заеви.

На разочарување на тужителот Основниот суд во Струмица донел решение со кое се прогласил за местно ненадлежен по тужбата на поранешниот премиер Зоран Заев против кардиохирургот Жан Митрев, па предметот е препратен до Основниот граѓански суд во Скопје.

Според решението со број П5-6/26 од 1 април 2026 година, Заев преку својот полномошник, адвокатот Горан Заев, поднел тужба против Митрев со барање судот да утврди одговорност за клевета и да го задолжи тужениот да му плати 500.000 денари на име надомест за нематеријална штета поради повреда на честа и угледот, плус законска камата.

Во тужбата се наведува дека на 15 јануари 2026 година, во гостувањето во вечерното шоу на Богдан Илиевски на Алфа ТВ, Жан Митрев изнел невистинити тврдења кои го оштетиле угледот на Заев.

Во емисијата најсуштински дел на темата за наводни интереси на „политички големци“ за преземање на неговата болница, веднаш по покренување на кривичната постапка е кога Митрев потврди дека имал понуди за превземање на болницата и кога им рекол дека има забрана да ја продава од страна на обввинителството забраната веднаш била повлечена. Ова во јавно соопштение го потврди и Кривичниот суд.

Судот во Струмица утврдил дека не е надлежен за постапување по предметот и го упатил целосниот предметен спис во Скопје, каде што се очекува да продолжи судската постапка.

Иако за правниците е јасно дека Заев немал право судењето да се води во Струмица затоа што настанот се случил во телевизија која е регистрирана во Скопје, однесувањето на струмичкиот суд за кој беше јавна тајна дека е под силно влијание на Заеви е показател дека бизнис империјата на Заеви се распаѓа во делот на правосудна поддршка.

Сега останува да се види дали распадот на правосудната поддршка за фамилијата Заеви ќе се одрази и на судењето на Жан Митерев и неговата клиника каде има смена на контроверзната обвинителка Искра Хаџи Василева која и ја повлече забраната за продажба на уделот со што се отвори патот за превземање на болницата и практично се потврди дека предметот е конструиран заради тоа.

Колку е навистина голема моќта на Заеви во правосудството најдобро ќе се види од одлуката на новата обвинителка Лидија Раичевиќ која сега има можност без политички и лукративен притисок да го запре прогонот врз Жан Митрев кој без никакви докази од обвинителството три години е обвинет за наводна измама.

Најнови вести од: Македонија

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на фон дер Лајен, заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Урсула Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина.

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

Најнови вести

To top