Македонија Бизнис

Од 1 јули се укинуваат 50% од царинските тарифи, најави премиерот

Половина од царинските тарифи ќе бидат нивелирани и намалени од 1 јули, а останатите 50 отсто ќе се укинат на 1 јануари 2026 година, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Мерката е дел од економските реформи кои, според него, биле барање на бизнис заедницата што со децении не било усогласено. Тоа се парафискални давачки кои имаат цел […]

Половина од царинските тарифи ќе бидат нивелирани и намалени од 1 јули, а останатите 50 отсто ќе се укинат на 1 јануари 2026 година, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Мерката е дел од економските реформи кои, според него, биле барање на бизнис заедницата што со децении не било усогласено.

  • Тоа се парафискални давачки кои имаат цел да го зајакнат домашното производство и да им помогнат на извозно ориентираните компании. Со ова се врши и усогласување со европските стандарди – изјави Мицкоски пред почетокот на Свечената академија по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, во Македонскиот народен театар.

Во однос на изјавата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе воведе 50-процентна царина за производи од Европската Унија, Мицкоски рече дека Македонија нема да биде погодена од тие мерки, бидејќи се работи на воведување нулта царинска стапка за американски производи.

  • Нашата царинска стапка со САД е 10%, а со новото усогласување таа ќе биде 0%. Веќе сум во сериозни разговори со американската администрација и со државниот секретар за економија Хауард Лутник. Очекувам да бидеме меѓу земјите со најниски царински стапки – додаде премиерот.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците. „Како Директор на Институтот за јавно здравје, ги отфрлам последните обвинувањата на ДУИ. Во изминатиов период во Институтот за јавно здравје имаше инспекциски надзор од страна на инспектори од Инспекторатот за […]

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа и сиот свој живот го бранеше македонскиот јазик како столб на македонскиот идентитет – столб кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Крива Паланка бара државна помош: Општината нема капацитет сама да се справи со кравите

Општинскиот кризен штаб алармира дека над 1.000 грла добиток се движат низ центарот и уништуваат имоти, по што градоначалникот Сашко Митовски побара итна владина интервенција

Најнови вести

To top