Македонија

Од 19 до 27 април национална вежба „Блесок 26“

Вежбата ќе се спроведе на повеќе локации, вклучувајќи ги: армискиот полигон „Криволак“, касарните „Јане Сандански“ во Штип, „Мирче Ацев“ во Прилеп и „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец.

Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и директорот на националната вежба „Блесок 26“, полковник Игор Арсовски, денеска во Генералштабот на Армијата ќе информираат за отпочнувањето на активностите за вежбата.

Вежбата ќе се одржи од 19 до 27 април и ќе се спроведе на повеќе локации, вклучувајќи ги: армискиот полигон „Криволак“, касарните „Јане Сандански“ во Штип, „Мирче Ацев“ во Прилеп и „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец.

Од Канцеларијата за воени односи со јавноста на Генералштабот на Армијата информираат дека вежбата е продолжение од серијалот вежби „Македонски Блесок“ и претставува важен чекор во процесот на развој на оперативните капацитети на Армијата. Главна цел на вежбата е  да се изврши оценување на борбените способности на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), како и нејзината подготвеност за извршување на оперативни задачи во реални услови.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top