Македонија

Од сега Бесплатни 6 ин витро процедури

Шест ин витро оплодувања ќе бидат бесплатни од сега наместо три како што беше досега, кажа денеска директорот за Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) Сашо Клековски. Станува збор за повеќе измени на Закон за здравствена заштита на населението кои на 10 јули  беа донесени во Собранието, на иницијатива на група пратеници во соработка со Министерството […]

Шест ин витро оплодувања ќе бидат бесплатни од сега наместо три како што беше досега, кажа денеска директорот за Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) Сашо Клековски. Станува збор за повеќе измени на Закон за здравствена заштита на населението кои на 10 јули  беа донесени во Собранието, на иницијатива на група пратеници во соработка со Министерството за здравство и Фондот.

Првата измена е дека Биопотмогнатото оплодување (БПО), или популарно наречено ин витро, станува составен дел од основниот пакет за здравствена заштита. Се зголемува бројот на обиди на шест од постоечките три. Третата измена е дека се ослободуваат од партиципација за ин витро третмани, повторувам, овие третмани се бесплатни. Направени се и неколку измени во Фондот, го скраТивме периодот на чекање за одобрување на документи од три месеци на две недели. Тоа е важно скратување, имаме два пати неделно комисија која ќе прави одобрувања на барањата за БПО. Втората работа е намалување на администрацијата и воведување на дигитализацијата, комуникацијата со барателите е дигитализирана и ваучерот отсега ќе го добиваат дигитално. Досега го добиваа преку пошта и се случуваше да се изгуби“, кажа Клековски.

 Уште една измена е дека сега на Фондот нема да има двајца директори, како што беше одлучено во 2007, туку еден директор и еден заменик-директор, за јасно да биде концентрирана одговорноста.

Веднаш по одлуката на првостепената комисија ќе може да се оди на лекување во странство. Жалбените постапки нема да се решаат во Министерството за здравство, туку во Државната комисија, бидејќи Министерството го нема капацитетот да одговора толку брзо. Одговорите на жалбите доцнеа со месеци. Оваа одлука стапува веднаш на сила и сите постапки ќе бидат пренесени од Министерството во Комисијата“, кажа Клековски.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top