Македонија

Од септември Скопје ќе ја добие првата делница од Градскиот воз

Од Зелениково до транспортниот центар

Од септември Скопје ќе ја добие првата делница од Градскиот воз од Зелениково до транспортниот центар, како и првите 30 нови автобуси доколку успешно заврши јавната набавка по Велигденските празници, истакна во вчерашното гостување во “Само Интервју”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

– Тендерот за набавка на нови автобуси траеше до понеделникот, согласно закон мораме да почекаме дали нешто ќе стигне по пошта и веднаш по завршување на Велигденските празници ќе влеземе во евалуација. Согласно закон она што можам да го кажам до овој момент, е дека имаме 4 понуди, рече Николоски.

Според предвидените услови во тендерската постапка, доколку се избере најповолна понуда, првите 30 нови автобуси треба да пристигнат во септември. Тендерот предвидува набавка на вкупно 150 електрични автобуси, од кои 100 за главниот град, а останатите за општините.

Најнови вести од: Македонија

Јанкуловски: Македонија веќе не молчи пред понижувањата од Бугарија околу македонскиот идентитет и јазик, туку бара почит од неа и ЕУ!

„Понижувањето што го трпиме од соседна Бугарија не е само последица на конфликтот околу нашиот идентитет, јазик и култура. Тоа е тактика во дипломатијата. Но, соочени со очекувањето на нови понижувања и свесни дека тие ќе продолжат, новата власт во Македонија бара почит и достоинство во односите со другите држави, и, секако, со Европската Унија. И, замислете, Македонија веќе не молчи пред понижувањата.“ – нагласува универзитетскиот професор д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Понижување и срам – време за достоинство“, која ја објави информативната агенција „Нетпрес“.

Панов: На оспорувањата на македонската историја не одговараме со зборови, туку со историски документи и проверливи факти

Институтот за национална историја денеска ги промовираше резултатите од проектот проектот „Извори за историјата на Македонија – тематска целина религија“. Оваа колективна монографија е замислена како долгорочен макропроект, структуриран во повеќе тематски целини, насочени кон прибирање и критично проучување на историската граѓа за Македонија, проширување на документарната основа и отворање нови истражувачки прашања. Ова го објави „МКД.мк.“

To top