Македонија

Од утре јавниот превоз во Скопје со нов возен ред

Со измените се врши усогласување на возниот ред со Одлуката за интегриран тарифен систем во превозот на патници во град Скопје

 

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги известува корисниците на јавниот превоз дека од 4 април (сабота) ќе започне да се спроведува нов возен ред за дел од линиите во единствената мрежа на линии во главниот град.

„Со измените се врши усогласување на возниот ред со Одлуката за интегриран тарифен систем во превозот на патници во град Скопје, со цел да се подобри организацијата и ефикасноста на јавниот превоз“, соопштија од компанијата.

Информациите за изменетиот распоред, вклучително и статичниот распоред според линиите и распоредот според постојките, кои ќе се спроведуваат од утре попладне, ќе бидат достапни на официјалната веб-страница на НКП „Скопје“: https://skopjebus.mk/mk/

 

 

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top