Македонија

Одложено судењето за родителот кој нападна двајца 15-годишни фудбалери во Штип

Судењето на 43-годишниот родител, кој на 24 август 2025 физички нападна двајца малолетни фудбалери за време на натпревар меѓу ФК „Шкупи“ и ФК „Брегалница“ на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, беше одложено во Основниот суд Штип.

миа.мк

Судењето на 43-годишниот родител, кој на 24 август 2025 физички нападна двајца малолетни фудбалери за време на натпревар меѓу ФК „Шкупи“ и ФК „Брегалница“ на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, беше одложено во Основниот суд Штип. Причина за одложувањето е барањето на бранителот на осомничениот за превод на обвинителниот предлог на албански јазик и симултан превод за време на судскиот процес. Случајот продолжува на 29 септември.

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Штип покрена обвинителен предлог против родителот за кривично дело „Насилство“ според Кривичниот законик. Инцидентот се случил во 89. минута од натпреварот, кога судијата доделил втор жолт картон и го исклучил синот на осомничениот, играч на ФК „Шкупи“. Незадоволен од одлуката, синот прво се однесувал неспортски, напаѓајќи со тупаници и клоци играч на „Брегалница“. Тогаш таткото влегол на теренот и со тупаници и клоци ги нападнал двајцата малолетни фудбалери од „Брегалница“, нанесувајќи им телесни повреди – повеќе набиеници и скршеници на нос без дислокација. Ескалацијата била спречена од други лица од публиката кои интервенирале.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веднаш реагираше со санкции:

  • Играчот на ФК „Шкупи“ (со дрес бр. 9), син на осомничениот, е доживотно исклучен од фудбалската организација.
  • Двајца други фудбалери на „Шкупи“ вклучени во инцидентот добија тримесечна забрана за играње.
  • 15-годишен фудбалер на „Брегалница“, кој се впуштил во груба игра и самозаштита, е казнет со забрана за играње на четири натпревари.
  • Двата клуба, ФК „Шкупи“ и ФК „Брегалница“, исто така се соочуваат со дисциплински мерки.

ОЈО Штип го потврди инцидентот во соопштение на 25 август, нагласувајќи ја сериозноста на насилството врз малолетници. Родителот останува во притвор, а судскиот процес се очекува да привлече внимание поради возраста на жртвите и контекстот на спортски настан. На социјалните мрежи, корисниците го осудија насилството, повикувајќи на построги мерки за спречување вакви инциденти на младински натпревари.

Најнови вести од: Македонија

Меџити: Разочарувачка е и длабоко неправедна пресудата во Хаг за нашите водачи-командантите на косовската УЧК!

„Денешната пресуда во Хаг во врска со водачите на УЧК е разочарувачка и длабоко неправедна за народот на Косово и за целиот наш народ! УЧК на Косово водеше чиста, одбранбена и праведна војна за слобода, независност и достоинство.“ – со оваа реакција се огласи денес сопретседателот на партијата Вреди Изет Меџити во објавата на фејсбук.

Сиљановска-Давкова се сретна со првиот човек на „Браќа Манаки“ и претседателката на Друштвото на филмски работници

Посебен печат на 47. издание му дава присуството на славни имиња од светската кинематографија, меѓу кои и Дан Лаустсен, добитник на „Златна камера 300“ за животно дело и Џеф Кроненвет, кому му се доделува специјалната „Златна камера 300“, за особен придонес во филмската уметност

To top